Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Мурињо избркан на сред сезона, а сега се палите и го чекате како бог. Мене единствено што ме радува е тоа што пиша некој погоре, дека барем ќе се дери од покрај аут линијата и нема само да седи како закован со тефтер в раце, и ако ништо друго барем ќе биде поинтересно со неговите глупости. Само прашање е кога ќе почнеме да плукаме и по него и да пишуваме #MourinhoOut, пошто видовме дека и тој не е семоќен, ниту пак специјален.
Криво ќе ми биде за Гигс ако го забркаат.
Мурињо е Бог, нема што тука. Тоа што беше менаџер во клуб каде крејзи рашн бој си игра монопол сам со себе, не е негова кривица. Единствениот менаџер кој може достојно да го замени и да се носи со неповторливиот. Статистиката е сосема друга ствар, пошто нели и Мурко има 4 купа во 4 земји, замисли. А тоа што се палат дечкиве не треба да биде твој проблем него на нивните девојчина. Дека ќе се плука, ќе се плука. Пошто глумење хард кор и непокорен фан е соу демоде што ни во самата Енглеска не се смета веќе за предизвик и достигнување. Така да олабавете со мерење на кого му е поголем.
 
E

Epsilon

Гостин
Едвај чекам да почни новата сезона на кормилото Курињо и Ибракадабра во нападот, че си земам дрес и че газам фудбал, x2 од тоа што сум и бев порано.
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Друже дај не се прај хипстер бе. Сеа и Моу не чинел, ќе глумиме лудило. А човекот уште не стапнал во клубот.
Не се прам ништо бе друже :) Само реков... Не очекувајте само мед и млеко да тече. Заврши времето на САФ. Не реков дека не чини, само еве сам гледај кој парадокс е. Го заменуваме менаџерот со друг менаџер кој во истата сезона имаше далеку полоши резултати од овај. Ќе му треба време и на Мурињо, немојте да мислите дека со самото тоа што тој е тренер, ќе се решат сите проблеми поврзани со тимот. Со среќа нека е. Кога ќе биде официјалното претставување? Многу ја тупат. :)
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Мурињо едино треба да си намали со тој неговиот магарешки инает и кога губи со тоа неговото плачење дека лицето Б. Ц. е виновно.
А онаква поставеност и мешање на улогите во тимот.. ни во најлудите соништа не би играле под Мурињо. И САФ против Фулам ко не наполнија 3-0 ги имаше играно Флечер+Керик централни, ама тебе цела сезона стандарден првотимец да ти биде Блинд.. мислам нема левел на лудило кое би го опишало тоа.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Далеку е Мурлињо од бог ама ај нека ви биде по атер . Он е само продукт на денешното време , со набилдан идентитет на победник и екстрамно краток рок на траење .
Бидејки МУ станува се повеќе маркетишки бренд а помалку фудбалски , новиов менаџер е баш по мерка !
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Мурињо за Ван Гал и Мојс е Алекс Фергусон.Омразен клуб и омразен менаџер кој треба да си ја врати славата.Ми мириса на долга соработка.Единствена грешка е што не го донесоа пред 3 години.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
493
Поени од реакции
937
Колку е грешка што не дојде после САФ тоа е дискутабилно. Една работа е да го наследеш “The One And Only“ а сосема друга Мојс и Ван Гал.
Моментално е најдобриот избор што може да се направи, тоа е дефинитивно. Ќе го врати клубот каде што му е местото тоа бидете сигурни. И јас не го сакам како лик, како карактер, ама знаејќи дека Јунајтед е бр 1 омразен тим во светот, а и тој како менаџер исто така, ќе биде пеколна ѓаволска комбинација. Нека пукнат душманите :)
Ако не во првава сезона, во втората сигурно очекувам титула. За понатаму како ќе биде..не знаеме. Сите му судат според сработеното во Реал и Челзи каде добиваше отказ, но Перез и Абрамович ја немаат трпеливоста на Јунајтед. Можно е на крајот да излезе и долга и успешна приказна. Мислам дека и самиот ќе има мотив да се покаже на долг рок псоле сите тие обвинувањаи изјави од сите страни дека е менаџер на краток рок.
Како и да е, exciting times are coming..brace yourself !
:gjavol:
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Од Мурињо ако не ништо друго очекувам финале во ЛШ за тоа што ни го зеде во 2004 година во полуфиналето со Порто во последна минута. :cool:
 
A

apidrone

Гостин
Не ми се верува дека у фан клубов се уште се праи муабет за „долги и кратки рокови“. Не знам веќе колку пати кажавме дека во денешно време 4 до 5 години е максимум што еден тренер би се задржал во клуб, дека децениско менаџирање е историја, дека уште само Венгер остана од таквите и сл. Ама џабе е.

Главна работа што ја очекувам од Мурињо е да го врати оној победнички менталитет, да ја врати онаа глад за победи, за голови, за успех, да не се задоволуваат со ништо испод 1во место, со една реченица да креира стабилност за да можат другите после него да преземат без поголеми проблеми.
 

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Од Мурињо ако не ништо друго очекувам финале во ЛШ за тоа што ни го зеде во 2004 година во полуфиналето со Порто во последна минута. :cool:
Тoгaш пoништијa регулaрен гoл нa Скoлс вo пoследнa минутa, oфсaјд свирнaa.

Sent from my LG-D855 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom