Може да си наоѓаме милион изговори зошто и како, но факт е дека ова задира накај аматеризам.
Ако сакаш да се натпреваруваш на највисоко ниво, потребно е да имаш играчи како Де Геа. Дури и да изгубиш 18 милиони фунти. Лани толку дадовме на платата на Фалкао.
Наредната година ништо не го држи да премине у Реал, така да тоа дека е Шпанец, дома, кур се тресе, голман број 1, сето тоа ке го имаше и наредната година.
Ван Гал можеби е налудничав, но не би го држел на клупа цела година.
Продажбата покажува дека истово ке се случи и наредниот пат. Им покажавме заби на Реал, али оние скапаните... Не ми глава уште на оваа тема, толку многу грешки има во трансфериве сезонава, што дури е смешно.
Од дамна зборам дека се купува без план, дека не знаат кај тераат, ама кога ќе искриткуваш мислат абе ти си ко мало дете навивач не знам што. Ја ги критикувам и ми е криво, дека едноставно живеам со клубот. Значи многу е едноставно, пополни го тимот со добри играчи на секоја позиција, остај некој од старите играчи и секоја година појачувај го тимот, таму каде што претходната си бил најслаб или тмау каде што играчите ти се веќе стари.
Ван Гал и Вудвар не знаат кај тераат, уништија се. И сега ќе дојде некој ќе ми збори, ти па нон-стоп се буниш кога не купуваат зошто не купувале, кога купуваат зошто купувале!? Како да не се бунам, кога 2 месеци тренира тимот и треба фудбал уопште да не знаеш за да видиш дека на тимот му треба шпиц кога си отидоа Ван Перси и Фалкао, а Чичарито е слаб играч. Како да не се бунам кога од почеток знаеше дека нема да рачуна на Еванс и сака да го продаде, кога знае дека Смолинг и Џонс пречесто се повредени а веќе неколку сезони не играат на ниво кое е потребно за тим како Јунајтед, а тие не купија штопер!?
А и сите вие сте комедија тука.
Едно време зборевте, ми се свиѓа како ја играат со Де Геа работава, многу ми е гајле на мене за 18те милини од Реал, еве сега и 25 нека се. А сега пак, абе добро било еј 25 милиони уште една година имал, а сакал да си оди. Не ова е не професионално и глупаво, ИЛИ ГО ПРОДАВАТЕ, ИЛИ НЕ ГО ПРОДАВАТЕ. Ако го продавате е тек тогаш мене ми е гаjле дали ќе го дадете за 18 или за 25, дајте го на време и да си бараме голман на време. Да дојде да тренира со тимот, па да си игра.
Го игра Јанузај први 11 3-4 натпревари по ред, па го праќа на позајмица. Ова е лудило. Ова едноставно не е Јунајтед за кој навиваме, џабе се обидувате да браните нешто што не се брани, а и најдобрите новинари од Англија пишуваат дека ова е тежок аматеризам.
Да бидам искрен го чекам денот кога ќе си оди овој лудак од тренер.