Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Абе па нели за ова што го „натерал“ да остане Руни го величевте Мојс? Покажал карактер, па сеа испаѓа дека тоа не било исправно :)

Клеверли даде еден пас таму за Англија и се дигна востание, а оваа сезона се покажа дека дечкото што освен да се врти сам околу себе и да си го брка опашот и чат пат да убаци некоја дијагонала, АМА САМО кока ќе му се даде простор, друго врска нема. Па ни мадиња нема, за Џонс ајде, не е везњак, па ајде оправдување за лошата игра денес, ама за мачоров оправдување веќе нема. Цела кариера ќе биде споредна улога, и местот му е во клуб како Њукасал.
Денес Перси се враќа на средина да земе топка да ДАДЕ пас, да створи шанса, јас да сум на местото на Клеверли, ќе ги закачам копачките, доста е брукање.

Мојс психички дали е способен да издржи. Овие од горе што нема да му дадат отказ нема, једини спас е мамлазот сам да се откаже.
Чоекот нема срце, ни еднаш не го видов со повишен тон да се обрати кон некој играч, тоа доволно говори за неговиот авторитет.
А без авторитет пиши пропало.

п.с. После глумењето денес на Чичарито ќе го хејтате и него како што го хејтате Јанг?

Гледав пред малку преглед, го посочија тоа, значи Перси се враќа на наша половина да превземе топка од дефанзивците и упатува дијагонала напред до Чичарито кога имавме некоја полушанса. Во средината видов само играчи на Њукасл, тоа доволно зборува за средниот ред. Не му е лесно и на Перси.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.067
Поени од реакции
68.087
Ке пишам после мислење, сега знам дека ке ме направите ненормален ако пишам што мислам.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.815
Поени од реакции
44.148
Сите знаеме како Ферги ги „мотивираше“ играчите за кои излегуваше со изјава во медиуми. И Ван Нистелрој и Бекам го осетија тоа на своја кожа. Не си прегазува збор Ферги, да останеше тој Руни ќе беше картиран.

Стротман во Рома ги има Пјаниќ и Де Роси до него, во Јунајтед ќе се мачеше како Фелаини. За ќесе ќе мора да одврзуваат ќесе. Ама прво треба да се одлучат што ќе купуваат. Ако купуваат играчи за 4-4-2, пак ќе биде интересно во Јануари.
Се сложувам оти треба да одлучат што ќе купуваат. Ама не бива, како и да ја вртиш обавезно мора да се земе салам плејмејкер нешто како Модриќ, човек што знае да пренесе топка. Во било која формација мора таков играч, а жал и нема многу такви играчи кои се достапни моментално. Појма неам овој Ерера што фудбалер е, можеби и ќе заврши работа кој знае. Друга работа, според мене и крило треба обавезно да се земе, го трубам оддамна тоа. :) Позициите за АМ и шпиц ни се доволно пополнети, не ни треба таму. Освен да се избаци Велбек, оти стварно нема надеж во него а да се земе некој поквалитетен четврт напаѓач. Чичарито исто треба да игра повеќе, како да го изгубил осетот од седењето на клупа. Појма неам за одбраната што да кажам, ептен деконцентрирана е, ама и лани имавме исти проблеми. Со разлика што лани нападот беше убиствен, а годинава има 3-4 утакмици на ОТ кога не сме постигнале гол, што не се десило не знам од кога.

Не ми се допаѓа и однесувањето на нашите играчи на теренот. Прво, не се кој знае колку мотивирани. Второ, не ми се допаѓа што се браниме на моменти и кога немаме поволен резултат. За ова е крив Мојс, тој е човекот кој треба да писне, тој е човекот кој треба да даде инструкции, кој треба да направи вистинска измена. А и измените му се далеку од сјајни искрено. Моментално Мојс е малце изгубен во просторот. Кажав, за мене единствена надеж дека ќе оправи е што го има Фергусон до него, друго не гледам искрено.

Треба да летнат 3-4 играчи, едноставно не се за во Јунајтед. И да се земат квалитетни замени. Сезонава освен против Фулам и мечевите од ЛШ не изигравме ни еден друг меч на ниво. Верувам дека имаме доволно квалитетен тим за четврто место. Пред да почне сезоната, кажав дека ќе сум задоволен со топ 4, останувам на тоа. Ама ова моментално е мизерија. Значи никој не бара од него да биде првак одма, ама тоа не значи да биде во втора половина. Друга опција да се пласираме во ЛШ е да ја освоиме. Со оглед на тоа како играме таму и како играме во ПЛ, појма неам што е потешко моментално. :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.368
Поени од реакции
26.423
Друга работа, според мене и крило треба обавезно да се земе, го трубам оддамна тоа. :)
Ова. Не треба крило, треба крила. Ама и тука формацијата е ептен битна. Во 4-4-2 крилата мора да бидат брзи и да знаат да претрчаат играч. Во 4-3-3 и играчи ко Снајдер или Пасторе би можеле да бидат одлични крила. Затоа до Јануари треба многу дилеми да решат и да знаат што ќе купуваат. Парите што ќе ги потрошат се собирани во минативе 5 години и треба да завршат работа за наредни 5. Мора Ферги да се активира пак.
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Ке пишам после мислење, сега знам дека ке ме направите ненормален ако пишам што мислам.
ајде убрзај го процесот зошто без твое мислење како да не се одиграла утакмицата :)
 
2

~2A

Гостин
Ова. Не треба крило, треба крила. Ама и тука формацијата е ептен битна. Во 4-4-2 крилата мора да бидат брзи и да знаат да претрчаат играч. Во 4-3-3 и играчи ко Снајдер или Пасторе би можеле да бидат одлични крила. Затоа до Јануари треба многу дилеми да решат и да знаат што ќе купуваат. Парите што ќе ги потрошат се собирани во минативе 5 години и треба да завршат работа за наредни 5. Мора Ферги да се активира пак.
Со оглед на тоа што крилата ни се лоши, не би било лошо да се пробај со 4-3-3/4-3-1-2 со тоа што офанзивната тројка би се состоела од Кагава зад нив и напаѓачи Руни и Перси?

Што мислиш? :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.368
Поени од реакции
26.423
Со оглед на тоа што крилата ни се лоши, не би било лошо да се пробај со 4-3-3/4-3-1-2 со тоа што офанзивната тројка би се состоела од Кагава зад нив и напаѓачи Руни и Перси?

Што мислиш? :)
Не е битно јас и ти што мислиме, битно е Мојс што мисли. А тој ништо сем 4-4-2 не мисли, очигледно. :D Сега управата треба да каже дали го поддржува во ставот.

Инаку, не верувам дека било кога Јунајтед би играл без крила. Баш по игра со крила беше препознатлив Јунајтед на Ферги.
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.320
Поени од реакции
10.357
Уште се нервираш што го навредив дечко ти?
Жити мајка не му враќај ми се провраќа кога ќе го прочитам овде.Нека чкљака таму у фан клуб вардар ,овде пост да не му видам.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
чил гледајте го видеово и доста плачете. без разлика дали сме први или последни цел свет е со погледот вперен во јунајтед ... зашто ... одговорете си сами !!!!
Има една СТРАШНО точна порака на крај.
We dont become champions becouse we win. We win becouse we are champions.
Е оваа порака ја отсликува ЦЕЛА ланска сезона. На многу утакмици победивме бидејки сме шампиони.
Сега кога Ферги го нема, цела репутација е изгубена, тимовите влегуваат многу мотивирано против нас и затоа е вака.
Од друга страна со исклучок на неколку класа играчи што ги имаме, џабе се лажите ако мислите дека со останатите може нешто да се направи. Џабе.
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Уште се нервираш што го навредив дечко ти?
И зашто си ме тргнал од ignore list? :D
Раскинавме. Ми правеше многу љубоморни испади и не можев веќе да издржам.
Сакаш да ме утешиш?

Не си ми бил на игнор, и покрај тоа што се пецкаме лежи у тебе материјал ама многу ја тапаниш :)
--- надополнето: 7 декември 2013 во 16:44 ---
Жити мајка не му враќај ми се провраќа кога ќе го прочитам овде.Нека чкљака таму у фан клуб вардар ,овде пост да не му видам.
важи шефе
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.067
Поени од реакции
68.087
Жити мајка не му враќај ми се провраќа кога ќе го прочитам овде.Нека чкљака таму у фан клуб вардар ,овде пост да не му видам.

Не бе, зашто?
Мене ми е мило што он мисли дека не подјебава овде во клубот, ама гледаш, уште го нервира тоа што не успеа да искочи на крај со нас претходниот пат, па пак се враќа да провоцира. :D
Само суптилно подјебавање.
Како што пишав и порано, никнуваат после порази.
Направи да му биде сурова помислата да постира овде, а не да постира уствари.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.437
Поени од реакции
7.150
Не ми се отвара темава веќе. Се убивте од плукање, од тренер до играчи. Да, играта е слаба, лоши се резултатите, ама па големи промени се десија во Јунајтед летово. Не може секогаш да има успеси и уште е рано да се суди дали Мојс е за во Јунајтед или не. Оваа сезона за Јунајтед е за привикнување на Мојс и луѓето околу него на тимот, на политиката на клубот, а и на играчите на сите промени. Па и да не играме следна сезона во ЛШ, па и да не бидеме меѓу 7-те најдобри во лига на крај на сезона нема да биде нешто катастрофално. Едноставно, оваа сезона е за привикнување и не треба да се очекуваат константно добри игри и трофеи. Оној вистинскиот(стариот) Јунајтед сигурно ќе го гледаме пак за 1-2 години. Позз и изгледајте го видеово. Посебно делот од 2:30 до 2:55 негде.
 
Како бре другар нема да е катастрофа да не сме во меѓу првите 7? :) Катастрофа ќе биде, и тоа голема. Разбирам јас привикнување и се. Не за џабе Ферги кажа што и да се деси да сме зад новиот менаџер. Оти и на него му беше јасно оти Мојс треба уште леб да јаде. Ама колку сака нека има привикнување, некои работи се мизерни и мора одма да се исправат, а не да чекаме 2-3-4 години. И Јунајтед е најконстантна екипа во ЛШ, само ние имаме играно ЛШ на секоја од последните, не знам сеа точно колку, скоро 20 сезони. И сеа одеднаш под 7мо место. Катастрофа е тоа. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom