Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
Сликата е од Пауел и Кагава де.. Арно што не го ставиле на местото на Кагава, ептен низок ќе беше :pos:
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Али добар фотошоп! (y)

Инаку за тие што викаат дека РвП е потрошен материјал и дека се повредува, само ќе кажам дека допрва се очекуаат голови од него и допрва следува најдоброто, она лани беше само загревање за тоа што следува.. И за Робен се мислеше дека е стаклен и потрошен, па се препороди од како отиде во Баерн! ;)
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Али добар фотошоп! (y)

Инаку за тие што викаат дека РвП е потрошен материјал и дека се повредува, само ќе кажам дека допрва се очекуаат голови од него и допрва следува најдоброто, она лани беше само загревање за тоа што следува.. И за Робен се мислеше дека е стаклен и потрошен, па се препороди од како отиде во Баерн! ;)
Ако.. нека е потрошен. Ако се вистинити “приказните“ дека за 15 сме го земале + бонуси, тоа е кражба. Мада и 25 ко што се зборува е најреална цена за играчов.

Гледам никој не го спомнува копиљакот што го украдовме од Сити. Што се дешава со него?
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.012
Поени од реакции
5.333
Ако.. нека е потрошен. Ако се вистинити “приказните“ дека за 15 сме го земале + бонуси, тоа е кражба. Мада и 25 ко што се зборува е најреална цена за играчов.

Гледам никој не го спомнува копиљакот што го украдовме од Сити. Што се дешава со него?
Па играше на пријателскиве т.е на турата во Азија. најверојатно ќе игра во у21 лигата оваа година
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
Па играше на пријателскиве т.е на турата во Азија. најверојатно ќе игра во у21 лигата оваа година
За Енрикез вика.. Наш е тој, само уште на официјалната да испадне.. :)
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Одлични засилувања за Манчестер двајца играчи од светска класа едниот 23 години кој може да сеуште да се развива а другиот искусен напаѓач кој одлично ја познава Премиер лигата и младиот талент Ник од кои имам големи очекувања во иднина се на се одличен трансфер период но загрижувачки е одбраната каде што имаме многу повредени.

Едно прашање во новата лига У21 колку точно натпревари е планирано да се одиграат?
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Да ама другиот дел од прегледите најверојатно ќе е финиширан утре, касно пристигна.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Сакам да пишам што мислам во врска со нашите напаѓачи и што би се случувало со нив во наредниов период кој како би останал или заминал.

Вејн Руни

Руни дефинитивно останува , класа напаѓач кој со еден потег може да реши натпревар без никаков проблем, може да го нема цел натпревар но кога ќе му се укаже шансата не ја пропушта. Нашата 10-ка минатата сезона имаше 30+ голови што е одлично и блиску до неговите 34 што ги имаше 2009/2010. Оваа сезона очекувам да продолжи во иста форма.

Дени Велбек

Се чека само да се официјализира новиот 5 годишен договор и да ја потврди верноста кон клубот. Во својата дебитантска сезона со првиот тим што ја изигра минатата сезона беше одличен, имаше голема улога во борбата за Премиер Лига. Има талент и потенцијал да стане еден од најдобрите напаѓачи што некогаш сме ги имале, играч од академијата што е најважно од најрана возраст е во клубов златните денови допрва доаѓаат, одлично партнерство направија со Руни минатата сезона. Очекувам уште подобра сезона од минатата.

Чичарито

Во првата сезона беше најдобриот наш играч постигна 21 гол во сите натпреварувања беше хит на сезоната и одлично партнерство створи со Руни. Во втората сезона имаше неколку проблеми со повреди како потрес на мозокот, повредена ахилова пета и слично и поради тоа поголема минутажа имаше Велбек од него но и покрај се постигна 10+ голови што искрено мене ме задоволи. Сеуште е млад има само 24 години и исто како и Велбек можеме уште многу да гледаме од него. Во врска со шпекулациите што искочија денес по трансферот на Ван Перси еве изјава од неговиот агент. Исто Ферги во интервју изјави дека Чичарито е еден од тие топ 4 напаѓачи во Јунајтед за следнава сезона.

Javier Hernandez's agent Eduardo Hernandez has dismissed talk that the striker could leave Old Trafford in the wake of Robin van Persie's likely arrival. "This is pure press speculation," he told El Universal. "The addition of van Persie is to reinforce the attack. There will be increased competition in that position but Javier is a professional and knows he will have to face that situation." Eduardo Hernandez added that the club have not requested he looks elsewhere. "There is a contract that Javier seeks to fulfill," he added. "The people of Manchester are honorable and have not told us otherwise." The boss has also explained to ManUtd.com that he wants Chicharito to be one of four top-class striker options.

Робин ван Перси

После малце спориот почеток во Арсенал и неколку повреди кои го уназадија неговиот прогрес како и давањето предност на Адебајор и уште некои напаѓачи Робин не се покажуваше во најдобро светло. Кога остана сам во нападот без некоја позначајна конкуренција Ван Перси едноставно експлодираше во изминативе две сезони посебно минатава кога постигна 37 голови во сите натпреварувања. Јас бев првиот против овој трансфер но сепак Ван Перси тоа што го покажа во минатата и предминатата сезона не може да се потцени, даде гол скоро на секој дерби натпревар, решаваше натпревари за Арсенал сам го носеше буквално тимот на Венгер во сите натпреварувања и изигра одлична сезона. Ван Перси во изминативе 2 сезони покажа што напаѓач е, покажа дека прераснал во класа напаѓач сега само уште еден чекор треба, таа класа што ја покажуваше во Арсенал да ја покаже во Јунајтед каде има огромна конкуренција во нападот. Очекувам Ферги да го користи паметно и Ван Перси да ја потврди класата.

Димитар Бербатов

Најскапиот трансфер во историјата на Јунајтед, во првите 2 сезони не беше воопшто лош но фановите посакуваа повеќе, тоа Бербатов го понуди во сезоната кога ја освоивме 19-та титула во Премиер Лига. Еден од најпаметните напаѓачи во историјата на фудбалот, контрола на топката не верувам дека има некој подобра одличен напаѓач но минатата сезона Ферги сакаше брзина во нападот и тоа го доби со Велбек и Чичарито. Бербатов е 31 година и со доаѓањето на Ван Перси за жал е скоро неизбежно негово заминување од клубот. Останува да видиме до крајот на август што ќе се случи со него но доколку замине би му посакал се најдобро во кариерата и би му се заблагодарил за се што направи за на.

Федерико Македа

Имаше бум во неговото деби за првиот тим, сам на 17 годишна возраст може да се каже дека ја освои титулата за Јунајтед. После тоа како да се изгуби малце Македа, но постојано беше присутен во резервите и куп мечевите за Јунајтед. Се одлучи за позајмица во Сампдорија каде го третираа како последно ѓубре за потоа следната сезона за уште полоша позајмица во КПР. Неоспорен е талентот што го има но сега нема место во тимот на Јунајтед за него, се надевам дека ќе замине на позајмица каде што ќе одигра 30+ мечеви во Англија, со надеж дека ќе се врати спремен за првиот тим.

Анџело Хенрикез

Сеуште не е потврден овој трансфер но играчот ги помина медицинските прегледи и само уште потписот фали, само 18 години има и играчов го следиме веќе 3 години по ред Ферги чим толку сакаше играчов да го донесе гледа нешто во него. Според тоа што читам се работи за многу брз играч со одличен финиш. На само 18 години му помогна на својот тим да освои титула и на 17 мечеви постигна 11 голови што не лошо. Можеби ќе продолжи уште 1 година на позајмица во Чиле или Англија или пак ќе остане во Јунајтед. Во следниве неколку денови ќе се дознае што и како, во секој случај имаме играч за иднина.

Вил Кин

Иднината на Јунајтед заедно со брат му Мајкл. Но Вил е напаѓач кој има одличен финиш и е само 19 години, одлична година позади него во резервите а го имаше и дебито во првиот тим на мечот со Блекбурн на Олд Трафорд во декември минатата година. Беше повикан за младата англиска репрезентација кога ги скина лигаментите и заработи тешка повреда според која би бил до почетокот на 2013 во аут. Се спремаше позајмица за него па така изгледа и кога ќе се врати ќе оди на позајмица за да се врати спремен за прекомандување во првиот тим.

Џошуа Кинг

Се најавуваше норвежанецот како иднината на нападот во Јунајтед и добро играше и на позајмицата во Хал минатата сезона и претходно за резервите но никако да се пробие целосно во првиот тим. Иако го имаше дебито пред 2-3 години во Карлинг Куп нема ништо позначајно што и најмногу ме зачуди не беше повикан на турата оваа година во ЈАР и Кина. Или се спрема нова позајмица за него или продажба.

Џон Кофи

После одлична сезона за У18 беше прекомандуван да игра и за резервите но се здоби со тешка повреда, во неговите настапи за У18 имаше гол скоро на секој меч. Оваа сезона е на позајмица во Шефилд Јунајтед и веќе почна добро да игра на пријателските за нив откако постгна и гол.


Покрај сите овие напаѓачи го имаме и Сем Брн кој потпиша пред 2 дена прв професионален договор со клубот. :) Инаку нашиот поранешен напаѓач Луис Саха потпиша договор со Сандерленд и им се придружува на Бардсли, Ричардсон, Ошеј и Браун.

Инаку доколку сега со доаѓањето на РВП добива Руни сериозна конкуренција за слободни и пенали исто така добиваме одличен изведувач на корнери. Ќе биде интересно... :D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.882
Поени од реакции
6.942
Verovatno ke go sitnat Berbatov za RVP da ja zeme 9-ta :vozbud: Ne gledam drugo resenie

Sorry za latinicava, vo enternet sum :)
 

Vidic15

Капитенот
Член од
2 јули 2009
Мислења
596
Поени од реакции
495
Кога ке ми текне што велеа некои навивачи на другите тимови кога ни побегнаа Хазард и Лукас како неможеме да потпишиме со ниеден играч никој несакал да игра за нас :tapp: а кога Хазард отиде во Челзи ние го потпишавме Кагава, кога ни побегна Лукас го потпишавме РВП, сега следно ако ни побегне Мутињо/Витсел да го земеме Швајштангер или ДеРоси и топ:pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom