Куња ќе го доведиме. И тоа што читам најверојатно ќе го носиме на рати за износот на клаузулата. Нешто како Зиркзе.
Објективно ни фали голгетер. Осимен е докажан во тој дел, но прашањето е дали можеме да си го дозволиме. Ако не, тогаш сигурно не сме во игра ни за Ѓокереш, Шешко и слични.
И тука се отвара простор за Делап. Реално добри сезони има во ПЛ и Чемпионшип и има нешто во него. Мене ми се допаѓа како играч...Е сега дали ќе биде нов Хојлунд или не исто така е дискутабилно. Но и Ѓокереш, Осимен или Шешко го имаат тој ризик.
Мислам дека политиката ни се сведува на купување млади играчи и затоа ми е се поверојатно сценариото Куња+Делап.
Во тоа сценарио посакувам да загризиме по талентот на Ривер Плејт, Франко Мастантуоно...Има страшен талент и посакувам аргентинци во тимов. Го испуштивме Алварез, а дечково е играчиште во најва после него.