Зиркзе ни крив ни дужен, си направи компилација на кршење кичми.
Натпреварот требаше да заврши тука ... Реков зимоска, чување на Гарначо скапо ќе не кошта, дали ќе биде играч од него, не е загарантирано.
А за тимов како целина, брука жива, обични пасови да не можат да сврзат, погодат, да ги темпираат пасовите у јачина е срамота. Базични работи се во прашање. Пред некоја утакмица пробуваа напаѓачки шеми, со вишоци и се, сега ко да ги заборавија. Пуштете мозок на пасење до летоска, нехумано е што прават пациентиве.
Не ми е јасно кој талент у стручниот штаб видел, проценил и одлучил дека Хојлунд вреди 75м. Ни позиционирање, ни движење напаѓачко околу 16ик, пасивен у напад, штоп на топка бетер Лукаку е. Море ептен потапа е од Лукаку, овој бар имаше некои способности за разлика од Хојлунд. И капак на се, толку ли нема некој да го научи малку од малку ... Страшна работа.