Ќе го рушат, и на истото место ќе го градат од нула?
И двете опции се во игра, ама ми делува дека ке е на друго место, во непосредна близина на сегашниот стадион, како што постирал Данте. Јунајтед ја поседува целата област околу стадионот. Овој начин ке им дозволи и понатака да играат на Олд Трафорд, и штом ке се комплетира новиот, да го срушат стариот, за да ослободат место за други згради, или за други потреби. Со сегашниот стадиот имаат проблем, под една од трибините, поминува железничка пруга, која никако не може да ја дислоцираат. Затоа и сите други трибини успеаа да ги надградат, освен таа, каде што се клупите.
Не знам само зошто Гери Невил е вклучен, неговиот хотел е веднаш до Олд Трафорд, буквално на 50 метри. Не знам како нема да има конфликт на интерес тука, ако мора да се премести стадионот. Сега кога одиш накај Олд Трафорд, мора да поминеш покрај неговиот хотел, идеално е позициониран.