Јас, кој сум најголем оптимист во овој фан клуб, сега кога заврши преодниот рок, можам да ви кажам дека е однапред сјебана уште една сезона. Немам објаснување за ова што го прави управата, буквално како намерно да го саботира Оле и клубот. Три млаки трансфери, еден алиби трансфер, и неколку млади проспекти. Дупката на десно крило си остана, Линделоф или Баји ќе продолжат да го прават Мегваер полош одошто е, а и за Телеш не сум уверен дека е кој знае каква конкуренција на Шо. Буквално единствената позиција на која Манчестер е совршено покриен е голманската.
Се во се, ништо. Останува да се надеваме дека Погба конечно ќе се пронајде во животот, дека Фернандес може да одигра цела сезона како ланската полусезона, дека Ван Бисака ќе се врати во полна форма, и дека Марсијал и Рашфорд конечно ќе го остварат својот потенцијал.
Што би рекле Србите, надовање, лудом радовање.