Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Па исти кур е, не е за винг бек он, не е пробивен и продорен, башкс како што кажав салата е позади. Нарочито не е за винг бек, поарно во 4ка назад ќе функционира отколку во 5ка во 3 5 2.

Како може да не е офанзивен и продорен, а има онакви убави бројки за бек, чиниш 10ка игра?Не викам дека е јак у одбрана, ама у офанзива личи дека е топ, нешто што јунајтед го нема од времето на Евра.

Инаку Кавани е фри агент можеше и за една недела да го земат ццц.

Вечерва се регистрациите за ЛШ, во спротивно не би можел да игра.
 
Јас, кој сум најголем оптимист во овој фан клуб, сега кога заврши преодниот рок, можам да ви кажам дека е однапред сјебана уште една сезона. Немам објаснување за ова што го прави управата, буквално како намерно да го саботира Оле и клубот. Три млаки трансфери, еден алиби трансфер, и неколку млади проспекти. Дупката на десно крило си остана, Линделоф или Баји ќе продолжат да го прават Мегваер полош одошто е, а и за Телеш не сум уверен дека е кој знае каква конкуренција на Шо. Буквално единствената позиција на која Манчестер е совршено покриен е голманската.

Се во се, ништо. Останува да се надеваме дека Погба конечно ќе се пронајде во животот, дека Фернандес може да одигра цела сезона како ланската полусезона, дека Ван Бисака ќе се врати во полна форма, и дека Марсијал и Рашфорд конечно ќе го остварат својот потенцијал.

Што би рекле Србите, надовање, лудом радовање.
 
Сопругата на Ромеро.
BETAAAAA :D

Шала на страна ако не планирале на него требало порано да го ослободат. Од друга страна сигурно има ниска сума така да и тие што сакаат да го земат нема да платат кој знае колку многу, така да не се правете лингури све ви ебам. :D

Иначе сум кажал и предходно, најдобар втор голман што сме го имале до сеа.
 
Се согласувам и јас, не само за тоа што не го пуштија да си оди туку требаше до крај да си брани во ЛЕ.
 
Клубот плаќа пола милион во плати на голманите на недела. Нема логика да го држат Ромеро со враќањето на Хендерсон. Имаше муабети за позајмица ама нашите сакале перманентен трансфер (позајмицата од Евертон била одбиена дека не сакале да дадат играч на конкурент практично бесплатно). Треба да го пуштат, за трет голман имаме други опции кои може да вршат работа.

Како што прочитав - A domestic-only window will continue, however, until October 16. Ова е надеж за Ромеро и Рохо дека ќе успеат било како да ги пуштат некаде. Иако би било тешко, имат убави договори, а од клубот во последно време ептен се ценкаат при продавањето.
 
Пишав вчера во друга тема, ќе пишам и пак.Не е клубов црвен крст, па да им удоволува на други.
Ромеро имал цена од смешни 10м фунти, а позајмница би било лудо.

За ЛЕ е во право, фала му за се, ама ко воли нек изволи (со 10м секако).
 
да успее Оле да извлече барем 50% од можностите од Кавани од пред некоја сезона на коњ ќе е тимов... не верувам дека би бил флоп од типот на Фалкао, ама па не може од него да се очекува дека и 20+ голови ќе постигне сезонава...моментално енигма е човеков, знаејќи дека нема играно фудбал од Март, веројатно ќе му треба месец до месец и пол да се врати во натпреварувачка форма и фул фитнес...

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 
да успее Оле да извлече барем 50% од можностите од Кавани од пред некоја сезона на коњ ќе е тимов... не верувам дека би бил флоп од типот на Фалкао, ама па не може од него да се очекува дека и 20+ голови ќе постигне сезонава...моментално енигма е човеков, знаејќи дека нема играно фудбал од Март, веројатно ќе му треба месец до месец и пол да се врати во натпреварувачка форма и фул фитнес...

Sent from my SM-G980F using Tapatalk

Кој од тимов е во натпреварувачка форма, вака искрено? Ни еба мајка ова немањево пред сезонски припреми, сите се мој до моега во спремност.Да сум Оле, не би им дал поише од 2 дена слободни на овие што не играат со репрезентации, и стриктно кондициски припреми една недела секој ден, после тоа 2 дена тактика со истите.Овие дојдениве што се со репрезентации сега истиот процес да го поминат и после тоа ќе размислат за прв тим и играње.

Лук Шо, Ван Бисака, Вилијамс, Матич, Фред, (можеби Скот), Дан Џејмс, Гринвуд, Лингард, Кавани, Туаназебе, Рохо, Мата и ТФМ би ги форсирал.Од другиве што треба да се вратат, Рашфорд, Бруно, ВДБ, Линделоф би ги играл, другите нека си го испотат газот малку.Амебата Баји може комотно да не се врати по мене.


ПС: На располагање се сеуште Сарр и Брукс, нека пробат да ги донесат за десно крило мислам дека се доволни.Нека им го пратат Ромеро/Рохо/Џонс + ќеш или барем за позајмница е доста.
 
Последно уредено:
И меѓу клубовиве од ПЛ се дозволени трансферите до 16 октомври или??

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom