Санчо е приоритет и мислам дека имаме шанса да го ангажираме летово со пласманов во ЛШ. За среќа нема други заинтересирани кои можат да направат проблем. Чонг можеме да го искористиме во договорот...
Од ова што гледам, нашиве сакаат стопер до 40м евра и затоа гледаат опции како Аке, Габриел од Лил и Торес од Виљареал. Првиов го имам гледано и мислам дека со испаѓањето на Борнмут ќе може да ја доспуштиме цената. Искусен е во ПЛ, има брзина и според мене е најпосакувана опција. За другиве двајца не знам што да коментирам кога не ги имам гледано доволно. Мислам дека Аке би бил подобра опција од Линделоф зошто е подиректен играч и побрз. Со продажба на Џонс, Рохо и Смолинг може и да го покриеме во целост Аке. Остануваме потоа со опции во Мегваер, Аке?, Линделоф, Баји, Туанзебе и Менги. Солидна одбрна според мене.
Исто го делам мислењето за Тиаго дека доколку цената е 30м е исплатлив ризик (за повредите мислам ризик) зошто за цела средина е доктор во отпочнување на градење на акции, диктирање темпо. Техничар, визионер, искуство...Еден Гундоган кој беше склон на повреди имаше каков таков импакт во Сити, за Тиаго кој мислам дека е поздрав не треба да се сомневаме толку.
Сеуште стојам на ставот за продажба и на Санчез и Лингард. Тука го редам и Переира иако не знам што се толку нашиве трпеливи со него. Да успееме од нив 40м да собереме ќе биде одлично, а може и нешто повеќе.
Мора да разгледуваме опции за позајмица со можност за откуп и така би ја зголемиле конкуренцијата на тимот. Мора солидна замена за Бруно, Рашфорд... плус со ЛШ ќе мора сериозна и квалитетна ротација за да не заостануваме ни во ПЛ ни во ЛШ...Ете ги Кутињо, Хамес, Коман, Дракслер...Сигурно дека би биле подобри алтернативи од Лингард, Мата или Переира.