Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ибра иначе ќе го тера цел процес на опоравување во Керингтон, така да секоја чест за одлуката да не зема плата додека не се видат резултатите од закрепнувањето и дали ќе биде спремен да изигра уште неколку месеци на врвно ниво.
Да, да, ќе тренира на Керингтон и ако се врати како што треба ќе ни се приклучи кај декември како слободен играч ако не мислам дека ќе тера во USA.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Најако е што сиротиов си беше спакуван буквално уште јануарито да дојде тука и се премислија нашиве :pos: стави нели женска му на Твитер слика, само куферите и телевизорот му беа у станот :pos:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Убаво звучи сето ова, ќе видима како ќе изгледа. :)

Кога се враќа Рохо?
Истиов овој Каслс имаше пишано дека брзо оди кај Рохо опоравувањето, октомври, најкасно ноември.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Океј сега имаме 2 стопера по 23 години и мислам дека Мурињо со Баји и Линделоф ја поставува основата на неговиот Манчестер Јунајтед. Ќе развива парнерство помеѓу овие 2ца кое може да трае едно 10тина години, така да само да се надеваме дека ќе се вклопат и дека конечно дефанзивата ќе почне да ни заличува на нешто, без разлика што не примаме кој знае колку голови последниве 2 сезони.
 
R

red.devil

Гостин
Океј сега имаме 2 стопера по 23 години и мислам дека Мурињо со Баји и Линделоф ја поставува основата на неговиот Манчестер Јунајтед. Ќе развива парнерство помеѓу овие 2ца кое може да трае едно 10тина години, така да само да се надеваме дека ќе се вклопат и дека конечно дефанзивата ќе почне да ни заличува на нешто, без разлика што не примаме кој знае колку голови последниве 2 сезони.
Немој да ја 'џинксниш' работава те молам. Ако добивав по денарче за секој ваков пост што го имам прочитано во нашиов фан клуб, сега ќе можев картата за Супер Куп-от да ја платам . :D

Колку партнерства развиваа и претходните менаџери за да исчезнат во рок од неколку месеци заради некаква промена во менаџерскиот состав, повреди или преценетост од наша страна. Нејќам да имам никакви очекувања, нејќам да гледам ју-тјуб клипови и нејќам да читам ревјуа каде што се пишани само позитивните карактеристики на играчот - тогаш очигледно е субјективно мислење. Нека дојде како никој и ништо, како Беји (засега шо е и се :semolam: така ќе продолжи), како Видиќ и ред други примери од кои сме немале никакви очекувања, ете му шанса да покажи што знае и умее...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Одличен трансферов, ми се свиџет.

Мора да земат сега уште средина и напад по еден играч барем. Средина замена за Керик, а за напад очајно фали еден добар шпиц. Фрката е што и нема баш играч од калибарот на Ибра што би можепе да го земат. Штета што се повреди сигурно ќе останеше, ма да и вака ако има шанса да се придружи на полусезона би било топ.
Мене желба Лукаку ми е да дојде ама братот ќе фаќа пат назад за Лондон. За Гризман ебаа работа овие со трансфер банот, а печена беше работата.

Мората, Белоти, Хамез...од овие ако веќе земаат некого нека тргнат по Белоти, не го сакам преплатеното ѓубре од Реал.

И што бидна со Перишиќ? Некако стивнаа работите за негов евентуален трансфер.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мората ќе е следниот само не се знае уште за која цена. Искрено да правиме муабет, евтин е Линделоф. Триесет и пет милиони евра денес се ништо. За Мората којзнае колку ќе искешираат ама то је то како што би рекол Катанец, убаво си реков јас дека тие 100 за Погба ќе се кафе пари за кратко, фалеше лани уште во најсмешен пост да ме исцитираат :)))))
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Топ трансфер, ем не многу скап за дефанзивец во кој што ќе се крстиме наредните 10 години ко ништо. Секоја чест за Вуди, се надевам после Мората ќе потпишат уште некој опасен задни везни наследник на Керик, за да бидеме сигурни дека тимов ќе биде шампион догодина, а не во игра за шампион што се сосема две различни ствари. Како и да е нека му е со среќа на младичот, сите веруваме во него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom