@apidrone
Во тие нерешени што ги изигравме сети се на Стоук, Барнли, Вест Хем на ОТ, па ќе го ставам и мечот со Арсенал, натпревари каде што се скинавме шанси али неќеше да влези топката тој ден и не поентиравме. Тоа ти се чисти 8 загубени поени и ако се додадат на сегашново конто сликата би била друга. Но тоа е тој муабет што би било кога би било кој најмногу го мразам и затоа пак ќе кажам, тимов игра фудбал во вистинска смисла на зборот, нешто што во ерите на Мојс и ЛВГ не можевме да го замислиме и можам слободно да кажам дека Мурињо се движи да ги достигне стандардите од САФ.
Резултатите ќе дојдат во наша корист доколку продолжиме со вакво темпо, сигурен сум. Иако сме 6 друга е климата сега, а друга беше и климата лани кога и тогаш бевме 6-ти.