Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.866
Поени од реакции
21.759
ај ако може головите пошто немав време да гледам :)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.890
Поени од реакции
67.522
Џексон царе, ти се восхитувам. Пред тебе има страшна иднина, само да си останеш спуштен до крај. Дур твои врсњаци возат Ролс Ројсови, ти си шибаш со Корсичето.

Секоја чест мали, само напред.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Истото го викам.
Колку само бев скептик кога дојде, немав ни чуено за него, се бунев божем од џеб ги давам парите.
Како ја води топката да ти е мерак да го гледаш. Кога и остатокот околу него игра солидно одма се гледа разлика.

Утакмицава денес една од најдобрите сезонава.
Кога го гледам како игра мислам дека да сум со него во тимот и јас ќе можам да истрчам 90 минути без прекин и ќе играм со самодоверба песто.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.765
Поени од реакции
9.552
Џексон царе, ти се восхитувам. Пред тебе има страшна иднина, само да си останеш спуштен до крај. Дур твои врсњаци возат Ролс Ројсови, ти си шибаш со Корсичето.

Секоја чест мали, само напред.
Ова е тоа. Братов игра поладнокрвно и од далеку поискусни негови соиграчи и тоа ме бендисува. Нормално е да направи некој кикс но нека продолжи така.

Мислам дека на виделина излезе таа слобода која ја бара ЛВГ во форот помеѓу Руни,Лингард, Мата и Марсиал што очигледно беше дека се работи за неригиден систем во последната зона што резултираше на овој начин. Е сега ова е еден меч и доколку фатиме ваков контиунитет во наредниов период ќе значи многу.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.628
Поени од реакции
11.692
ептен ми е полна душава а и како не кога дебелото на 3-0 им праеше пресинг
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.531
Поени од реакции
3.574
Марсијал е најдобриот играч после Роналдо што Јунајтед го имал..
А за ова денес шта речи,во битен период дојде победава.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.578
Поени од реакции
8.207
После утакмицава се повеќе треба да се пцуе Ван Гал, кретен глуп, која разлика ја направи откако престана да измислува топла вода и им даде слобода на нападот.Ај да речеш лошине резултати биле дека се неспособни и дрва, ама после ова е шта речи... Што би било да не се занесуваше глупердава господ знае.Водат два нула, после вториот го даваат у кадар он нешто пцуе се нервира ко мрднат некој.Тежок дебил.Си игра курташак со клубов, ќе играат играчите фудбал кога ќе му се ќефне на него...

Инаку на светлата страна, одлична игра прикажаа денеска, се чудев цело прво полувреме што се дешава, нека продолжат вака и со Челски у недела.Руни денеска одлично играше,лингард и мата солидни, микрофонот и керик исто така, одбраната на ниво, посебно ме изненади дармијан кој се покажа во доста одлично и (неочекувано)офанзивно светло, одлично комбинираше со лингард и руни имаше доста офанзивни тркови, еднаш го измести незнам кој играч на стоук па набаци со лева ама мата ја посра со глава.

И за крај посебна пофалба за Марсијал, зборови се сувишни за него се е јасно.Нека продолжи вака Балон Д'ор не му бега.Капа доле за вториот гол.Големо браво истотака и за Бротвик Џескон, со секоја утакмица е се подобар и подобар,само нека продолжи како што тргнал.Играчиште може да биде.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.617
Поени од реакции
6.418
Дај боже Шо да нема последици од повредата. Левата страна со него и Марсијал ќе биде коска. :drk:
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.578
Поени од реакции
8.207
Дај боже Шо да нема последици од повредата. Левата страна со него и Марсијал ќе биде коска. :drk:
Море нека се среди психички, нек одмори колку му треба, со Бротвик засега сме под конец.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.617
Поени од реакции
6.418
Море нека се среди психички, нек одмори колку му треба, со Бротвик засега сме под конец.
Добар е но рано е да кажеме дека ќе го биде. Мекнер, Блекет, Кин... беа одлични во првите партии за со тек на време да почнат да се губат.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.858
Поени од реакции
5.709
па шо кој машки полов орган чекаше Сити до сеа со официјализирање на Пеп :) да го официјализираа пред еден месец, сеа ќе бевме први на табела со 5 бода предност пред Лестер :) :)

после кој знае колку време, ми беше мерак шо го гледам Манчестер !! МЕРАК !!
п.с уше поголем мерак ми се напрај ко му залепи шестарот (крауч) лакт на Фелаини :pos:
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Една теорија на заговор.

Што ако големо влијание врз тактиката до сега била на Гигс, а овој другиов е земен само колку да нема голем притисок од новинарите и фановите врз Гигс? Се додека ние го пцуеме Ван Гал главната кривица да била на младичот. Намерно земен Ван Гал затоа што е успешен тренер, со историја и трофеи во позадина ама пред пензија и меѓусебен договор со управата со сите карти отворени на маса му е сервиран планот. Нема што да загуби, скроз му се поклопува со планот за негова пензија и оставката од Холандската репрезентација.

Веројатноста за 'поделбата на улогите' стана “сомнителна“ првата утакмица против ливерпул кога даде гол Блинд, кога го плескаше по образ. Е сеа тоа може да значи “гледаш, вака се дава и применува тактика во игра“ или пак “алал да ти е мали, се гледа дека брзо учиш и имаш осет за тренер“. Друга работа за оваа “теорија“ се лошите резултати, неправењето ниту еден трансфер во зимскиов рок (и покрај тиња-играта) и никаква закана по Ван Гал.

За играта - таа е очобол, заспивавме додека гледавме а пазете - се нервира само Гигс и шета по терен, а Ван Гал не се ни помрднува од столчето. Ван Гал на пресовите мува не го лази, дури и арогантен е, им пререкува на новинари и уште им кажува дека “нема потреба јас да се плашам од отказ“.

Играта првите 10тина кола беше добра, нанижаа и победи, се искачија до прво место, што кажува дека играчите се солидни, уиграни и можат да се борат за првите 4 места што е сосема прифатливо ако се има предвид дека 3-4 нови играчи влегуваат во првите 11.Секој нормален клуб би му дал отказ на тренер после вакви резултати со толку потрошени пари, а да не зборуваме за клуб како Јунајтед. 13 кола немаа постигнато гол во прво полувреме на Олд Трафорд, претеризам е тоа.


Не сум миленко да сум убеден дека земјата е плоча и упорно да одам со главата во ѕид, ниту самиот можам да верувам до толку да се отидени од управата, ама сепак сомнително ми е како може толку топло - ладно да играат а разликата на играта на пример претходниве утакмици и оваа денес е светлосни години. Не може бе против Бурнмут, Норвич и Шефилд со истиве играчи од денес да пружиме такви мизерни партии а Ван Гал да кажува немало потреба за аларм, ситуацијата е под контрола. Нешто не ми штима ептен.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Третиот гол чиста контра колку ја забави Мата, луда работа. Среќа Марсијал ја реши работата како што треба, браво ѕверу. Какво играчиште е, права штета ќе биде ако на него и уште 3-4 фантастични играчи што ги имаме не изградиме шампионски тим.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom