Ryan Giggs
tearing you apart since 1991
- Член од
- 27 мај 2009
- Мислења
- 11.867
- Поени од реакции
- 21.761
тоа се фудбалери кои беа добри но се залетаа да играат за барса ( пошто нели барса е врв на фудбалот и ако не играш за барса исто како да не си играл фудбал ) иако шансата да киснат на клупа беше огромна т.е. 102.3% .... Јунајтед кога и да купувал фудбалер во ерата на САФ тоа или биле младинци или пак фудбалери на кој им било загарантирано место во прв тим зашто истите биле потребни и неопходни ... а тоа се случува и кога продавал фудбалер кој каде и да отиде може одма да направи голем импакт во тимот во кој заминува. Таквите како санчез се повраќаница од врвен фудбалер отиде за да скапува на клупа ... епа друже продужи и скапувај.зависи од која страна гледаш... ако фабрегас е фрлен во контејнер што едно време беше најдобар играч во пл, и санчез во сериа а, Фабрегас што игра секоја утакмица различна позиција и пак има највеќе асистенции во тимот? Санчез што не памтам кога стартувал утакмица ? што да се каже за еве на пример Нани што две сезони нема 10 утакмици играно? Што ако го продадеме и таму кај што ќе отиде даде 10 гола и +10 асистенции???
Ситуацијата со нани е друга, никогаш не се разви во она што посакуваше, цело време пробуваше да биде роналдо а тоа што ќе си иде е само по негова заслуга, топло-ладни игри една добра на 10, и огромен број на киксови како онаа во лига шампиони или онаа со челзи кога ја шитна од премногу дриблање. Она што од секогаш ми пречело во фан клубов се тие споредби нани/валенсија и како тоа едниот играл со една нога ... но ..... валенсија да му зададеш задача и ќе го преплива атлански океан само за јунајтед а тоа нема никогаш да го видите кај нани .... затоа валенсија ми е нумеро уно крило во јунајтед па макар играл и со една нога, човекот има пасија посветеност пожртвуваност скромност, и затоа секогаш ќе го почитувам како фудбалер за разлика од нани плачкото кој на секој контакт паѓаше мислиш му извадиле бубрег !!!! Каде сака нека оди нека дава и по 20 гола независно ... не успеа да се докаже во најдобриот клуб на планетава земја.
Последно уредено: