Насри е на чекор од Манчестер Јунајтед
Играчот за врска на фудбалскиот состав Арсенал, Самир Насри најави дека в понеделник ќе замине за Лондон и дека тогаш кончено ќе ја донесе својата одлука околу наредниот ангажман, пишува таблоидот Мирор.
Според изданието, францускиот играч за врска најверојатно ќе го напушти тимот на „топџиите“иако допрва треба да реализира и разговор со тренерот на Арсенал Арсен Венгер.Според проценките, францускиот стратег ќе му дозволи на фудбалерот да си побара друг состав. Осумката во редовите на “топџиите„ претходно најави дека не сака да потпише нов договор и дека неговата иднина е далеку од „Емирати“.
24-годишниот Насри има желба да настапува во состав кој ќе се бори за трофеи во наредната сезона.Според информациите од Островото, најсериозен кандидат да дојде до неговиот потпис е екипата на Манчестер Јунајтед која во меѓувреме остана без пензионираниот Пол Сколс.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------
Бејл и Модриќ ќе го напуштат Тотенхем?!
Двете најголеми ѕвезди на лондонскиот фудбалски состав Тотенхем - Герет Бејл и Лука Модриќ се се поблиску до Манчестер, пишуваат медиумите во Англија повикувајќи се на извори блиски до клубот.
Според информатичките изданија на Островото, хрватскиот плејмејкер е на чекор од Манчестер Јунајтед, кој е подготвен да даде 40 милиона фунти за услугите на Хрватот. Ако Модриќ го напушти "Вајт Харт Лејн", тоа сигурно истото ќе го направи и другата ѕвезда на "Тотенхем" - Герет Бејл, пишува изданието "People".
Велшанецот кој потпиша нов договор во изминатата сезона е многу блиску до ангажман во Манчестер Сити.Менаџерот на "црвените ѓаволи" Сер Алекс Фергусон сепак ќе се обиде да ја намали цената на креативниот фудбалер од Хрватска, нудејќи му тројно поголема плата