Не знам зошто ама пред дербито против Арсенал бев понервозна отколку на ова дерби
Очекувам да видам борба од нашите, задната 4ка да е стабилна, пред се` да нема толку работа и Керик и Гигс најверојатно ако стартуваат во средината да ги сечат топките па да им е полесно на Рио и Вида. Имам доверба во Рио, висок е, ги доби скоро сите воздушни дуели, се покажа клучен на првиот меч од ЛШ кога игравме кај нив. Во нападот го очекувам Чичарито, ако не гол барем да ги навлече дефанзивците на Челзи за да се ослободи простор за Руни а и би можело да биде и обратно. За по крилата не знам дали имате приметено, против Челзи Валенсија се снаоѓа со Ешли многу подобро од Нани (да не урочам сега :Р), па би можел Нани да е на клупа, Парк и Валенсија на крила. Десен бек О`Шеј, има висина и контрола, нека им ја кочи играта од таа страна, не мора да оди во офанзива, тука е ЛАВ.
Que sera sera, што биде нека биде, сакам да прикажеме цврста и борбена игра, специфична за Манчестер Јунајтед
GGMU!