Конечно го изгледав натпреварот, откако сигналот на спортклуб ослабна, снема интернет и на крај и струја, не сакав да читам коментари претходно, да можам да расудам со чиста глава ...
Негативни страни на денешниов натпревар
- Непревземање на високи играчи при нафрлени топки од прекин, не може Рафаел и Керик да бидат чувари на високи играчи на пример Рамис, стално примаме гол кога тие мора да скокаат
- Млитавиот пристап кон пеналите, мора малце Ферги да дигне куќа у ваздух, 2 пенала не претвараме во гол и е недопустливо за тим како Јунајтед
- Слабо агресивна одбрана, успева еден играч да им извлече топка на Видиќ, Сколс и Фердинад ...
Се дозволува премногу игра пред нашиот гол во зона на шут
- Играчи кои прават потег плус, Чичарито на 3-0, требаше веднаш да асистира на Ван Перси, направи чекор повеќе, и пропадна шансата, Велбек во неколку наврати при влегување во шеснаесетник, иако целосно гледано одлично изигра, и Нани, се надевам дека ке сфати дека понекогаш е потребно играње со еден до два додира и да не биде себичен ...
Позитив
- Бутнер, секоја чест за дечкото ...
- Пауел, претставување во добро светло од тоа што го одигра ...
Иначе обезбедувањето го вратило од Карингтон, зашто не знаеле кој е ...
- Враќањето назад на напаѓачите да помогнат, Чичарито и Велбек ...
Не ми беше јасно во прво полувреме зашто Нани сакаше со послабата нога да го префрли голманот, кој патем стоеше на метар од голинијата, но добро ...
Би сакал порано да го отвораме резултатот ...
Ме радува што и со ваков(комбиниран) тим, вадиме добри резултати ...
Сега во Јунајтед има вистинска конкуренција за скоро секоја позиција, што ги тера играчите максимално да се залагаат ...
Треба малце да се стегне задниот ред, затоа што не секогаш ке промашуваат противничките напаѓачи ...