Колку е само добро да се види капитенот пак на теренот...

Добри 60 минути изигра Видиќ иако не требаше нешто многу да брани бидејќи Валеренга не напаѓаше толку. Само нека остане фит сезонава ќе биде голема разликатата во одбраната, друго е кога има одбраната командант ко Вида. Инаку солиден меч изигравме доста шанси створивме, Нани изигра многу добро заедно со Валенсија по десната страна исто може и Кин да се пофали бидејќи изгледаше доста самоуверено во 90-те минути. Откако влезе Кагава многу добро комбинираше со Нани. Ќе си дојдат и головите, се со свое време.
Резервите изиграле 2 - 2 на пријателска, голови постигнале Џош Кинг и Ањалдо бразилецот што е дојден од Депортиво Бразил, ништо чудно и Гледстони и Ањалдо да потпишат со нас и да останат во Јунајтед бидејќи досега на сите пријателски добиваа солидна минутажата, минатата година во Твенте играше Гледстони.
Прееска се појави шпекулација која се шири дека Флечер започнал со некакви тренинзи на Керингтон, колку е точно никој не може да знае само да се надеваме дека е вистина и ќе го видиме Ферги како ќе каже на прес дека Флечер се враќа. Али засега само шпекулација која може и да не е точна.
Добро е исто така што ќе се вратат и Клеверли и Гигс брзо во тимот, Клеверли беше можеби најдобриот поединец на Велика Британија, се надевам дека без повреда сезонава ќе изигра доста мечеви.