Во едно интервју на официјлна Ерик Стил тренерот на голманите ги анализира голманските позиции и првата сезона на Де Геа во Манчестер. Според него Де Геа имал солидна сезона со оглед на тоа дека се пресели во држава каде што не знаеше англиски и одма настапи за новиот клуб и дека само ќе се подобрува. Исто така вели дека Линдегард го создаде правиот притисок за да Де Геа ја заврши сезоната на вистинско ниво и да си ја подигне формата. Исто така кажува дека ова е шанса за Андерс да ја почне сезоната како прв голман бидејќи Де Геа е на ОИ и ќе мора да го искористи ова Андерс доколку сака да се бори за првата голманска позиција.
Јас мислам дека имаме двајца одлични голмани кои во секое време се спремни за да го дадат најдоброто од нив, Де Геа е помлад и само ќе напредува и ќе собира искуство додека Андерс ќе се усовршува и ќе ја зголемува самодовербата. Добро е и што е конкуренцијата е голема и Ферги што ги ротира на најдобар можен начин. Ваков добар голмански пар сме немале подолго време во Јунајтед.
Нека му е среќен роденденот на Керик и уште долго време да игра во Јунајтед.