Гледате дека не треба да се паничи дали се преплаќа за играч пошто клубот има одличен борд на чело со Гил и за трансферите не треба да се грижиме воопшто. Единствено кога се преговара со клубови како Тотенхем, Порто, Бенфика...клубови кои сакаат да извлечат повеќе тешко е да се преговара. Сигурно и тоа била и причината да се откажеме од Гаитан пред скоро време, со Модриќ, а изгледа тоа ќе биде случај и со Мутињо.
Инаку Бејнс изгледа е на влезните врати на ОТ и само неколку денови ќе се чека да се официјализира се и тоа ми се свиѓа многу.
Него гледам сега со Лукас се преговара и изгледа сериозни станвуаат работите. Јас искрен да бидам не го имам следено и не сум компетентен да коментирам за негови квалитети, но сепак не ми се свиѓаат тие дечки од Бразил кои ги преценуваат уште на 18 години и ги прават фудбалски богови. Ако пристигне кај нас, сакам да ме демантира и да покаже одлични игри.
Него со ваков трансфер повторно нема да се пополни тоа место каде што најмногу ни треба играч, играч од профил на Сколс. Тука сме најтесни во моментов и очајно ни треба играч од таков калибар. Има дости млади имиња на пазарот како Ериксен, Дембеле, Фелаини, Кабаје, Родвел, Стротман кои би биле полн погодок за оваа позиција, а не би не чинеле многу. Знам дека САФ знае најдобро, но заради тоа што немавме соодветни имиња на оваа позција ја загубивме титуата минатата сезона.