Не сме навикнати да киксираме веќе ... ај со Виган си напрајвме филмче дека им ја пуштивме...
Ама сега....
Следната утакмица со Ман. Сити да не бидиме
До денес бев убеден дека им ја пуштивме, но веќе не сум.
Денес Евертон играше така лежерно, поготово колку статична им беше одбраната, тоа ЧУДО.
Исто така ние бевме дупло понезаинтересирани од нив, а сепак постигнавме 4 гола. При резултат од 4-2 бев страшно убеден дека утакмицава е наместена и дека Евертон свесно ни ја пушта, као демек ни е пријателски тим. Но после ова т.е. од нивните 5 удари, кои 4 влегоја во гол, страшно сум разочаран од нашите играчи како тоа пристапуваат на теренот. Откако ни изедначија после трчаа ко коњи. Да, тоа е ВИСТИНСКИОТ Манчестер, но веќе тогаш е касно. И ова не се случува прв пат, ова вака е ЦЕЛА сезона. Да се потсетиме против Блекбурн како беше, од 0-2 стегнаа и се вратија на 2-2 и стандард се опуштија за подоцна да загубат, со Њукасл исто, откако беше нерешено, тогаш почнаа да ја прикажуваат нивната препознатлива игра, ама беше касно. Истото беше и на гостувањето кај Свонси али сета среќа што во 98ма Гигс даде гол(исто од кога ни изедначија тие, повторно почнаа да трчаат). Исто да не заборавиме дека и против Фулам среќата не послужи зошто не им беше свирнат пенал во завршницата. Така да преку целата сезона делуваме комплетно незаинтересирани, така што ова почнува да преминува во навика. Зар еден тим како нашиот би се задоволил со 1-0 предност и после комплетно да се повлече? Зар треба да дозволи во толку кратко време да примат 2 гола и сл.?
Тоа е...
П.С. Иначе според мене мислам дека моментот на сезонава ке биде оној кога преѓе на 4-2 Евра ја погоди стативата. Да би погодел, можда се друго понатаму ќе беше како што треба