Куња гледам многу пати се спомнува на темава. За мене искрено е ептен прецент играч.
Не преценет во смисла дека е слаб, туку ради формата што ја фати овие 3-4 месеци, се пишува за него како да е класа фудбалер, и очекувам цената да му е ненормална. А реално не ми изгледа на лик што може да носи голема екипа. За во Вулверхемптон е одличен, да дојде кај нас одма ќе се претвори во Зиркзе, бидејќи и притисокот и очекувањата ќе се на ниво, кое не сум сигурен дека може да го понуди.
Нешто слично како оној Нуњеш што газеше таму, па во Сити го шалтаат на 3-4 позиции од што неможе да се наметне на таа што му е стандардна.
Можеби не викам не, но ако треба да бирам помеѓу овие двајца па и за слична цена, без двоумење би го избрал Куња. Нкунку е веќе влезен во години каде треба да е во прајмот а гледаме се мачи и со повреди и со форма за разлика од Куња кој сеуште има простор да напредува.
По мене Јунајтед треба да ги собира класа играчите или таленти кој имаат потенцијал да прераснат во класа од помалите клубови во ПЛ: Мбуемо, Куња, Роџерс, Дуран, Гибс Вајт, Керкез, Хуијсен, Муриљо, Керкез, Аит Нури итн.
Веќе се адаптирани на ПЛ и животот во Англија и по брзо ќе се вклопат. Можеби нема да можат сите овие да се носат со притисокот да играт во поголем клуб но тоа треба да го проценат стручнаците во клубот, ние може само да нагаѓаме.
Е сега ќе треба да се платат по дебело ама пре би ги земал Куња и Керкез за 120 милиони отколку Доргу, Зиркзе и уште еден рандом играч од Холандија/Италија/Португалија за истите пари.