Hellz Guardian
We do what we want
- Член од
- 2 февруари 2008
- Мислења
- 7.104
- Поени од реакции
- 1.679
Ako zememe 60+ milioni za garnacho statua na berrada pred stadion da mu napravat uste utre.
Ако се споредат натпреварите од дербињата и овие каде треба да сме фаворити т.е. играме натпревар со противник без педигре, може две работи да се заклучат - немаат мотивација и посветеност играчите. Не може у дерби натпревари против квалитетни играчи да бидат хируршки прецизни у тактиката, пасовите, посветеноста и се, а против другиве да играат со 70% од можностите и да прават глупости од банален карактер. Втора алтернатива е дека немаат квалитет да ги добиваат послабиве екипи со 70% од снагата, нешто што на времето со Ферги, па и други тренери беше рутина.Топло-ладно. Ливерпул и Арсенал топ, после Брајтон и вечерва потоп.
Верувам во Рубен, се гледа дека има визија но претерано е тврдоглав. Не ми се свиѓа како сме формациски поставени и голема диилема имам за формацијава. Без план Б, Ц...
Кога противникот треба да биде доминантен како во дерби натпреварите, добро функционира кога сме поповлечени и знаеме да изиграме транзициски, на контра итн. (и Оле истото го покажа на дербињата). Кога сме фаворити и кога треба да нагазиме посед изгледаме безидејно. И тука голема улога има тврдоглавоста на Рубен. Кога гледаш дека нешто не оди, не мора по секоја цена со главата во ѕид...И Сотон, па Брајтон ни правеа проблеми со овој систем кога треба да сме поотворени...премногу простор и канали остава помеѓу тројцата назад и двајцата средни пред нив и ни се шетаат многу лесно, креираат шанси противниците како од шала. А реално веќе 2 месеци е во клубов и мора да има некое видливо подобрување...вака само повремени блесоци и потоа студен туш.