Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ако сме паднати толку финансиски, нека добиваат шанса младите до крај на сезона. Чисти го тимот од преплатени звезди, крпи со млади. И така сезоната е пропадната. Амас го отекоа каков талент бил, не се ни осудуваат да се приближи до минутажа. Тоа е Јунајтед веј...со минути за младите.
Реално 40м се многу за Доргу...кога веќе продаваме за 70м играч како Гарначо за споредба.
Колку и да е неконстантен Гарна, млад е...20 години има и нормално е да е неконстантен. И Роналдо и Руни на негови години беа неконстантни...
Манчестер Јунајтед за кого навивам никогаш не треба да ги продава младите таленти на ривали.
 
Автоматски споено мислење:

Na Garnacho bas mu treba karakter kako Amorim za da go izvede na prav pat so potencijalot koj go ima, bidejki maliov lesno potpaga pod pritisok i nema nikad da uspee ako nema dobar coach. Razbiram se, ama ne razbiram da go prodades na Celsi.

Имаше некаде дека постигнал вербален договор со Челзи и со Наполи, ама да видиме, Лаутентис со една изјава го отпишаа од трансфер листата на Наполи.
 
Последно уредено:
Нкунку, кого Челси го цени на 80 милиони евра, резерва. 29 настапа во ПЛ, половина и повеќе како замена, не може да му фати место на мувлата Џексон, и се на се, има дадено 5 гола во ПЛ за 2 сезони. Па перфектно.
 
Manchester United and Chelsea are considering a swap between Alejandro Garnacho and Christopher Nkunku

Даваме 20 годише супер тален за да земеме 27 годишен што е во болниица 99% од времето поминато во Челзи, уште еден Маунт и Шо, овие од Јунајтед незнаат кај терат, по умрена еќипа станавме и од Саутемптон, страшно колку лошо е воден/го водат Јунајтед.Дно сме мизерија.
 
Ако не се овие масони само да го уништат ЈУнајтед јас е, при здрав разум јас од позади екран вака на ТВ без никакви инфо внатре кој шо како знам шо треба а шо не треба да се купи...
 
Мене Нкунку ми е многу добар играч, само што е многу често повреден.

Со Гарначо очигледно има некој поголем проблем и не е само заради фудбалот. Сигурен сум дека тој и брат му се вмешани во ликнувањето на информации на Твитер. А реално ни фудбалски не добиваме нешто посебно од него веќе две сезони.

Плус, како што пиша веќе некој, воопшто не изгледа на стабилен лик. Може утре од никаде да му текне дека сака да си оди и да ти направи проблем во математиката.
 
Среќа па од Флориан Плетенбург е муабетот за замена, дечкото врска си нема. Долго време го меркаат Нкунку, добар фудбалер е ама страшно стаклен играч, така да на страна од него. Позајмница макс.
 
Среќа па од Флориан Плетенбург е муабетот за замена, дечкото врска си нема. Долго време го меркаат Нкунку, добар фудбалер е ама страшно стаклен играч, така да на страна од него. Позајмница макс.

Мене па баш тоа ме загрижува. Плетенбург е практично mouthpiece на Вивел, овој скаутов од Лајпциг што работеше привремено во Јунајтед, па му дадоа работа за стално. Бајаги прецизен беше за трансферите на Де Лихт и Мазрауи.

Добра работа е што Фабрицио вика дека имало преговори за Нкунку меѓу Јунајтед и Челси, само во Декември, и нема ништо од тогаш.

Мене ова ми личи на пеглање на PSR, како Артур-Пјаниќ трампата. Само што Јунајтед ке го изеде повеќе. Стварно ке биде ненормално да преговараш со Челси кога играчот го ценат на било која сума поголема од 35-40 милиони фунти
 
Каков Нкунку, ем е стаклен ем кога е здрав не е ништо посебно. За тие пари ќе се земат Куња или Роџерс или Вирц...
Куња гледам многу пати се спомнува на темава. За мене искрено е ептен прецент играч.

Не преценет во смисла дека е слаб, туку ради формата што ја фати овие 3-4 месеци, се пишува за него како да е класа фудбалер, и очекувам цената да му е ненормална. А реално не ми изгледа на лик што може да носи голема екипа. За во Вулверхемптон е одличен, да дојде кај нас одма ќе се претвори во Зиркзе, бидејќи и притисокот и очекувањата ќе се на ниво, кое не сум сигурен дека може да го понуди.

Нешто слично како оној Нуњеш што газеше таму, па во Сити го шалтаат на 3-4 позиции од што неможе да се наметне на таа што му е стандардна.
 
Можеби не викам не, но ако треба да бирам помеѓу овие двајца па и за слична цена, без двоумење би го избрал Куња. Нкунку е веќе влезен во години каде треба да е во прајмот а гледаме се мачи и со повреди и со форма за разлика од Куња кој сеуште има простор да напредува.
По мене Јунајтед треба да ги собира класа играчите или таленти кој имаат потенцијал да прераснат во класа од помалите клубови во ПЛ: Мбуемо, Куња, Роџерс, Дуран, Гибс Вајт, Керкез, Хуијсен, Муриљо, Керкез, Аит Нури итн.
Веќе се адаптирани на ПЛ и животот во Англија и по брзо ќе се вклопат. Можеби нема да можат сите овие да се носат со притисокот да играт во поголем клуб но тоа треба да го проценат стручнаците во клубот, ние може само да нагаѓаме.
Е сега ќе треба да се платат по дебело ама пре би ги земал Куња и Керкез за 120 милиони отколку Доргу, Зиркзе и уште еден рандом играч од Холандија/Италија/Португалија за истите пари.
 
Мене па баш тоа ме загрижува. Плетенбург е практично mouthpiece на Вивел, овој скаутов од Лајпциг што работеше привремено во Јунајтед, па му дадоа работа за стално. Бајаги прецизен беше за трансферите на Де Лихт и Мазрауи.
Па да, за Германците знае да има информации.

Искрено, изназборе многу недоквакани глупости од септември навака, вклучувајки и многу тенденциозни наслови. 70м за Нкунку по мене е претерано амбициозен и неиздржан муабет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom