Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.952
Поени од реакции
7.066
Ако е доследен на својот став, тогаш Онана не смее да помириса прва постава барем месец дена, па после ќе вагаме кој да остане прв голман до крај на сезона. Него во позадина тој му е договорот на Онана, мора тој да брани и тоа е тоа. А Рашфорд е завршена приказна. Нека се гони кај сака.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.411
Поени од реакции
7.092
Изјавава на Аморим ми личи како на секој начин да пробува да ги разбуди, освести нашиве уфилмани, самопрогласени топ играчи, таленти, ѕвезди. Да се освестат дека се една огромна нула, служат за потсмев, немаат никаква работна етика, дисциплина. Ако да бидат прогласени за најлоши некогаш, од самиот тренер, не ги освести, не ги мотивира, да почнат да играат, да се трудат, да покажат дека вредат бар малце, ондак ништо нема. Моментално освен Амад, Де Лихт, Мегваер, и до негде Мазрауи (малце падна последниве недели) и Угарте, сите други се една огромна нула. Освен овие сите би ги заменил со деца од академија, макар и не ги бивало ич. Ни еден не заслужува да игра ни за резервен тим. А капитенот е една огромна нула од лидер. Сто пати видено сценарио веќе. Ќе изиграат една, две утакмици ко што треба, или некое дерби и после следи куроболие и влечење по терен наредни 5-10 уткмици. Кој стигна не измоча на Олд Трафорд. Брука.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.761
Поени од реакции
67.017
Дало е можеби најслабата карика во овој тим. Напред нула, позади катастрофа. 4-5 пати го составаат напред со топката во изгледни позиции скоро секој меч, и овој не знае да створи шанса, или даде гол. Позади, го гледам неговото бранење за вториот гол, комплетно пасивен, го остави играчот на кого левата нога му е посилна, да се намести на центаршут, и воопшто не го ни блокираше. Аморим мора да најде некое решение за таа позиција. Ме загрижува изјавата каде што го фали Дало.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
578
Поени од реакции
793
Дало е можеби најслабата карика во овој тим. Напред нула, позади катастрофа. 4-5 пати го составаат напред со топката во изгледни позиции скоро секој меч, и овој не знае да створи шанса, или даде гол. Позади, го гледам неговото бранење за вториот гол, комплетно пасивен, го остави играчот на кого левата нога му е посилна, да се намести на центаршут, и воопшто не го ни блокираше. Аморим мора да најде некое решение за таа позиција. Ме загрижува изјавата каде што го фали Дало.
Брат не се нервирај,коа зборев Бисака е поарен од овај, со тоа што објективно беше слаб напред ама коска у одбрана, не се согласувавте со тоа што немаше објективно гледиште на работите дека Далот и напред а и назад е лош.
Автоматски споено мислење:

Прав е кога вика дека е најлошиот Јунајтед некогаш, и тоа порака за Инеос треба да биде не толку за играчите, буквално деца играат и тоа деца вон форма,па тоа треба да учи од некој кога се изгуби као пример Мејну оваа сезона,Гарначо,Јоро.Место да му донесат играчи неколку да направи нешто, му избрка ДОФ шо се чекаше една година и за кој плати милиони да го донесе, Тен Хаг го набрка сега лето ќе чека за нови играчи,што ако одиме доле и испаднеме.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.522
Поени од реакции
8.046
Таа е реалноста, се знаеше отприлика до кај е тимов и колку се играчиве прикладни на системот. Јас малце оптимистички тргнав, ама не очекував ваков дебакл од крилните бекови и нападов. За Рашфорд се знаеше дека како "10ка" или шпиц не прија на системов, ама очекував малце повеќе од Гарначо. Бруно исто не е за 10ка, за 8ца проаѓа. Маунт и Диало се можда едини 10ки што би прошле, али овој првиот не може читав да остане.

Настрана се, мене ме загрижува процесот на размислување и одлучување на хиерархијава. Знаат дека нема тим соодветен за системот, дека треба рез и немаат абер да реагираат некако. Објективно и статистички зборено, колку и да го нејкам ЕТХ, можеше повеќе да извади од тековниот тим (сеуште мислам дека не требаше да остане, ама ова е хаос).

Разбирам и дека клубов 11/12год е урнисуван, али ова е ... Ако ништо друго, од вакви мизерни сезони, во минатото излагале одлични таленти у прв тим, што биле светла точка колку толку. Нека бркне Аморим у младинцине, ваљда има некое талентирано детиште. Еве и Антони ќе бега, само Диало, Бруно, Зиркзе и Гарначо се колку толку кадарни да играат на 10ка, што е премалку.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom