Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
32.760
Поени од реакции
67.014
Aрапите, та арапите, eдно те исто се вергла по секој пораз. Како не разбирате. Луѓево не покажаа никакво потекло на пари, нешто што се бараше во процесот на поднесување на апликациите. Секој кој сакаше да го купи Јунајтед, мораше да покаже од каде му се парите. За Јасим цело време се збореше дека негови пари ке дадел и неговите адвокати јавно тврдеа дека не се работи за обид Саудиска Арабија да го купи Јунајтед, но никаде не дал документ од каде му се парите, документ кој мораше секоја страна да го поднесе во тој процес на купување на клуб кој е јавно трејдуван. Оваа информација стана јавна откако се дозна дека Ратклиф успеал да се договори со Глејзери, и направил компромис, додека Арапиве сакале 100% да го купат клубот, за целосна сума која пак е пониска од она што го понудил Ратклиф. Се надевам дека еднаш засекогаш ке заврши оваа дискусија, ама Арапиве вака ке направеа, а немаат поима од најобична трансфер документација.

Хаосот што го направија Вудард, Арнолд и Тен Хаг уште 5 години тешко дека ке се оправи. Големиот договор на Рашфорд, донесувањето на Касемиро, Ентони. 3 играчи кои зимаат скоро милион фунти неделна плата. Касемиро и Ентони двајцата чинеа скоро 160 милиони фунти. Сите овие играчи сега клубот се обидува да ги продаде, арно ама, никој не ги сака, зашто никој не е луд да им ја даде таа плата. Затоа и тешко оди донесувањето на нови играчи во клубот.

Грев ми е за Аморим моментално, му имаат дадено делови од Пунто, очекувајки дека ке го направи да иде како Лексус.

Ратклиф, за разлика од Глејзери стави свои 80 милиони фунти во клубот за да покрие дел од загубите, максимум колку што е возможен во рок од 3 години. Проблемот е што многу пари идат на плати и отплаќање на претходни трансфери.

ИНЕОС направија добра работа што направија фудбалска структура, каква таква. Ова со кинењето на бонусите е прав срам, исто како и укинувањето на парите за фондацијата на бившите играчи. Ја заебаа летоска со Тен Хаг, откако јавно бараа друг тренер. Ем го пуштија Аморим во немај каде, ниту имаше можност за трансфери, ниту пари, ниту пак претсезона. На тренер кај кого многу работи зависат од крилни бекови, тој нема ниту еден саглам. Не е ни чудо што тоа на терен изгледа вака.


 
Член од
21 април 2024
Мислења
57
Поени од реакции
54
Сега и по Аморим ли ќе се плука?
Во него гледам само една поголема грешка, Онана на гол.
Се друго е минимално и најнормално, кој не греши?

Јас конечно после заминувањето на Фергусон имам надеж дека ќе се управиме.
Не знам што очекувате, да ги науче како да играат?
Да ги науче на основни работи?
Во тимот упорно се форсирани и носени срање од играчи и треба да ви е јасно дека од овие играчи толку, ќе има некоја мала надеж како со Сити и Ливерпул и тоа е тоа, повеќе не треба да се очекува.

Јас сум 100% на страна на Аморим и во него гледам нешто што не го гледав кај ниту еден од претходни менаџери после Фергусон и сум да му се даде се што ќе побара, одврзани раце и полека да си скоцка тим по негова желба, негова филозофија.
Е после тоа ако не направи ништо тогаш може да му се суди, сега не.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
575
Поени од реакции
791
Се чувствувам како кучка кога хејтам тука се живо по пораз,како оној кумановецот портпарол на Вмро,искрено ова е смешно веќе се во круг не викам дека нема да читам ама ќе се дистанцирам од пишување веќе,секоја недела иста прича, оние младите може имат потенцијал ама тие не се способни да диктираат темпо и да носат зрели одлуки ова треба сериозни инвестиции.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.844
Поени од реакции
5.669
дечки ви се чудам шо се нервирате.... дали стварно очекувавте екипата шо едвај го победи убедливо наслабиот тим во лигава да победи сериозна и добро организирана екипа како Брајтон? мало морген... полуаматери !!!

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.606
Поени од реакции
6.390
Мене само не ми е јасно како може со Ливерпул и Арсенал да се надигруват а со боранија екипи да неможат да врзат 3 паса?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom