Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
29 октомври 2023
Мислења
458
Поени од реакции
643
Сакам да си кажам мој став и гледање на ситуацијата од мој аспект. Ќе почнам уште одма со Тен Хаг, ние сме во тешка ситуација па сме во тешка ситуација,она што дефинитивно не треба да го направат е да го отпуштат. Еднаш кога решија да го подржат летото веројатно треба и сега кога е тешко. А и од аспект на тоа што под притисок од навивачи не треба да се постапува и да носат одлуки кои според мене се грешни.
Од друга страна неговото евентуално бркање од клубот значи 17м за него, нов тренер или преоден до наредната сезона,што неправи никаков смисол според мене. Тоа носи нови побарувања од следниот тренер за други играчи и можност да останат истите крлежи кои се директно одговорни за моменталната ситуација.
Пробани ни се сите овие методи до сега и мислам дека не ни домело ништо добро освен поголемо влијание на фудбалерите. Би го оставил Ерик и би гледал кој како се однесува на терен би го лоцирал виновникот/ниците и би ги продал наредниот период.
За Бруно и Рашфорд и други поединци не би се замарал. На нив им е потребен некој психолог за да им ги смири себичноста,егата и work ethicot.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
886
Поени од реакции
528
Кога работите не одат сјајно, луѓето бараат крв.
Размислуваат од денес за утре.
Задутре им е далеку за да мислат на тоа, па после остануваат со отворена уста.

Де Геа бил "линијаш", нам ни треба некој ко Ноер.
По некое време - Онана е без врска, нема рефлекси како Де Геа.

Играш подефанзивно - ние сме бре офанзивен клуб, а не како Мурињо со паркирани автобуси.
Играш офанзивно - многу шутеви кон наш гол има.

Не може во исто време и јаре и паре.

За успешен проект е потребно време (5, 10+ години).
Кога голем дел од коцките се наредени, од тогаш почнуваш да се надеваше на некаков успех.
До тогаш, се' е само поставување на темелите.

Се' поинаку направено, е слично со периодот на Челзи кога Абрамович менуваше тренери ко чорапи.

Не се работи за Тен Хаг, туку за било кој да е на кормилото на Јунајтед.

Се занемарува фактот дека до вчера не се знаеше кој јаде, а кој пие во клубот (сопственици, директори...).
Тоа е стабилен клуб?

Цела година немаме лев бек.
Каземиро не е истиот од Реал.
Скоро цела мината сезона, дете (Маино) ни' е главен играч во средина.
Бруно - од сите обиди по натпревар, 95% му се грешки и блокирани удари. Со него - мизерија, без него бетер.
Ериксен е креативец, и ако е дел од дефанзивната средина, сме како со човек помалку (слично ко Мата). Нема сила за повеќе од 60 минути.
Рашфорд - слична приказна со Бруно. 95% обиди му се судари со противнички играчи.
Реализација на цел тим? Од 10, 15, 20 удари во гол - среќни сме ако бар 1 гол дадат.

Тазе сезона...
Без сериозни подготовки (Еуро 2024, одмори, уморни "ѕвезди"...).
Четворица битни играчи недостапни на старт на сезона (Хојлунд, Јоро, Шо, Маунт).
Диого "Промаја" Дало не треба да се коментира.
Зиркзе се припои кон "талентите" кои не можат да погодат мрежа.

Рашфорд почна да дава знаци на живот.
До кога?

Кој човек (или еве, 5-6 тренери) може да го среди сето ова?!

Видовме што се случуваше во последните десетина години.
Во просек, еден циклус трае 2-2,5 години, па пак одново.

Ако управата на клубот слуша медиуми, фанови, сомнителни "стручњаци" - се враќаме на почеток.
Треба да знаат што сакаат, и како да дојдат до тоа.
Треба да ги решаваат проблемите во клубот, но и на терен (вид на игра, многубројни повреди, однесување на играчи, договори, казни...).

Отказ на тренер не решава ништо, само не става дополнителни 2 години позади оние со кои моментално се мериме.
Сити, Арсенал, Ливерпул... се неколку чекори пред нас.

Во периодот кој е пред нас ќе видиме како понатаму.
Ќе бидеме клуб кој ќе брка инстант успеси, или ќе се работи темелно и на долг рок.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.339
Поени од реакции
6.383
Глупости, играл тимот офанизвно па позади пиле не проаѓало. Нема врска едно со друго.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
886
Поени од реакции
528
Глупости, играл тимот офанизвно па позади пиле не проаѓало. Нема врска едно со друго.
Не поминувало пиле ако играчите ни' биле погодени, дисциплинирани и борбени.

Постојаност од Рашфорд, Дало, Бруно и Ериксен, кога се работи за помош во дефанзива - нема.
Тука некаде е и Каземиро.

Од 10 натпревари, на колку натпревари во просек не ни' поминувало пиле назад (а да играме офанзивно)?
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.339
Поени од реакции
6.383
Не поминувало пиле ако играчите ни' биле погодени, дисциплинирани и борбени.

Постојаност од Рашфорд, Дало, Бруно и Ериксен, кога се работи за помош во дефанзива - нема.
Тука некаде е и Каземиро.

Од 10 натпревари, на колку натпревари во просек не ни' поминувало пиле назад (а да играме офанзивно)?
Значи не е до начинот на игра него до играчите, а богами и тренерот. Никој не помага нигде сите се умрени пошто така им е дозволено.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.879
Поени од реакции
6.937
Колку ќе губиме денес? :ROFLMAO:. Шала на страна, но и лани во слична ситуација бевме...Вила во форма, а ние кога сме биле па во форма? :LOL: па ги тепавме кај нив 1-2. И не само тоа, него гледам последните 4 меѓусебни се наши победи. Какви се такви, наши се и мораме да ги поддржиме. Така да, со дијазепами или без, очекувам лагано Х2че :).
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.332
Поени од реакции
9.464
Мој предлог конзумирајте флаша Шток пред натпреварот, и пуштете си Бени хил у позадина. :D
Автоматски споено мислење:


:pos:
 
Последно уредено:
Член од
13 август 2023
Мислења
926
Поени од реакции
2.272
Изгледа Тен Хаг решил да си ги скрати маките сам.

 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.795
Поени од реакции
2.549
Уште ако средината излезе да е Ериксен, Мејно, Бруно има да не прегазат ко воз...
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.804
Поени од реакции
5.578
Уште ако средината излезе да е Ериксен, Мејно, Бруно има да не прегазат ко воз...
точно баш тие...

Онана
Мазрауи Мегвајр Еванс Дало
Ериксен Мејно Бруно
Гарначо Хојлунд Рашфорд

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.548
Поени од реакции
66.143
За Мегваер ке разберам некако, ама Еванс? Против брзи и продорни крила? Ова со срединава не ми се коментира, сулудо е вака да играш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom