Проблемот на Бруно е комплицирањето и од тука и доаѓаат и тие изгубени топки. Нема простор за комлицирање ни минимално ако се стреми Јунајтед да дојде до ниво да игра ко Сити, Ливерпул, Арсенал. Ако сте го приметиле Бруно, пречесто од едноставен пас пробува да направи нешто сложено, комплицирано, па така пробува со пети да додава, со надворешна, кроз нозе, некои глупи, чудни, поткопани, лоб пасови каде играчот нема друга опција освен да проба прво таа топка да ја смири, па да продолжи со пас или со водење, што е во 99% од случаите на крај одземена топка затоа што најчесто противникот не ти остава време да смируваш топка па да продолжиш. Ова кај Де Бруине, Одегард и остали не можете да го видите, или е преретко, а нашиов ги има такви по 5-6 на утакмица минимум.