Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.807
Поени од реакции
1.276
1 Рашфорд две години гол не даде од игра непомириса клупа. 2 утакмици дава голови го седнува на клупа.

2 Ериксен до последна минута од преодниот рок се обидуваа да го продадат 3 утакмици по ред е стартер.

3 Хендерсон лани го продадоа. Денес нормално се повампирува и можеби го игра натпреварот на животот.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.340
Поени од реакции
9.500
Паднаа и Бруно и Ериксен после 60-та минута. На бруно на секое комплицирање и нркои пасови со пета треба нозе да му се кршат. Секоја утакмица истото го прави. Хојлуд за Диало, Уграте за Ериксен што поскоро.
Највеќе ме изнервира кога шутираше надворешен фелш, цреп.
Автоматски споено мислење:

3 Хендерсон лани го продадоа. Денес нормално се повампирува и можеби го игра натпреварот на животот.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Го продадоа пред 2 години.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
928
Поени од реакции
2.278
Арно напиша некој некни, со Саутемптон и Барнсли се испукаа сите голови за цел месец. И оваа сезона борба за 6 место. Аматери.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.556
Поени од реакции
66.187
Каква брука последниве 10 минути, додавања меѓу Мартинез и Онана, никаков ризик во игра, немој да примат гол. Каков пичкарски пристап на крај. Излегоа Матета и Нкетија, без напаѓач практично. Ериксен и Зиркзи се пола екипа.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
404
Поени од реакции
809
Јас една работа никако не можам да сфатам. Наводно управата го притиска Тен Хаг да игра на посед, а од друга страна му го продолжуваат договорот на Бруно. Со Бруно не можеш да играш на посед затоа што од три паса два пати ја губи топката.

Ви напишав еднаш, дури не купат замена за Бруно кој ќе биде подобар од него, класа лев бек и резерва за Мејно, максималниот домет ќе ни биде борба за 4то место. И нема бегање од ова.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.703
Поени од реакции
21.213
2 победи 1 нерешена 2 порази, до крај на сезона вкупно 16 победи 10 нерешени 12 порази = 58 бодови и загарантирано 6 место.

Sent from my ELS-NX9 using Tapatalk
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.556
Поени од реакции
66.187
Па тренер со муда би го извадил Бруно, откако изгуби едно 3-4 топки во рок од 30 секунди во второ. Ликов се губи против бункер екипи. Остави го Зиркзе на негова сметка, или па пушти го Маунт последни 30 минути.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.340
Поени од реакции
9.500
Јас една работа никако не можам да сфатам. Наводно управата го притиска Тен Хаг да игра на посед, а од друга страна му го продолжуваат договорот на Бруно. Со Бруно не можеш да играш на посед затоа што од три паса два пати ја губи топката.

Ви напишав еднаш, дури не купат замена за Бруно кој ќе биде подобар од него, класа лев бек и резерва за Мејно, максималниот домет ќе ни биде борба за 4то место. И нема бегање од ова.
Има замена за Бруно. Ериксен, Маунт па и Зеркси но дали ќе има муда келчово да го седне на клупа.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
244
Поени од реакции
437
Да бидеме реални, ако планот е Бруно да биде носителот на играта на Јунајтед, титула нема во наредните 10 години да помирисаме. Овој кај Гвардиола и клупата нема да ја помириса.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
404
Поени од реакции
809
Па тренер со муда би го извадил Бруно, откако изгуби едно 3-4 топки во рок од 30 секунди во второ. Ликов се губи против бункер екипи.
Ова е најголемиот проблем на Јунајтед во последните неколку години. Бруно е единствено добар за организирање контри. Затоа и блескаше кога Оле беше тренер. За да играш против бункер, потребна е стрпливост и контрола над топката, а тоа се непознати нешта за Бруно. Потребен ни е играч од калибарот на Одегард или Палмер, со Бруно ништо не правиме.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.721
Поени од реакции
22.705
Прво полувреме супер, второ кога го извади Зиркзе и влезе семоќниот Раши, имавме нати го дај ми го на ДеЛихт и Мартинез. Без креација, без идеа. Откако ја ги направи измените топка не фатија ни Раши ни Гарначо. Бруно беше како пијана кокошка незнаеше кај оди и каде додава, воопшто небеше креативен.

Мене ме нервира што ете правиме шанси барем да се искористат една две,стварно незнам што вежбат на тренинг.Изгубивме два скапоцени бода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom