Ситуацииве со утињање ме потсеќаат на времињата Мурињо кога го избркаа и дојде Оле, Рашфорд (и цел тим) тогаш беше тенеќе што утињаше лесни шанси (имаше некаков дриблинг, брзина, пренос на топка), али шутот му беше рогање многу јако у средина на голман. Поработеа малце на финишинг и се оправи ситуацијата после неколку месеци. Од тоа што излагаше штампа, некој базичен тренинг беше, не измислувале топла вода.
Па се раѓа прашање, што ташак вежбаат на тренинзи? Финишингот не иде? Екстра тренинзи само за финишинг за офанзивната линија или тие што не им иде шутот.
Бруно е тешка мизерија сезонава за жал и очајна грешка му беше на ЕТХ што не го спреми асално и не му дигна форма постепено (како на Зиркзи), сепак играше се што можеше лани + играше ЕП. Очекувам и Коби да прегори кај и да е, со темпово што му се наметнува, премногу е за 18 годишник. Кај Гарначо веќе се приметува падот у форма.