Aма што има да ви биде криво, лимитиран играч максимално. 2 паса не знае да сврзе, а игра во средина за Манчестер Јунајтед. Секоја топка што ке дојде кај него во нозе во средина на терен е мртва акција. Не може да дрибла, не игра како 6-ка, не игра како 8-ка, не може да игра како 10-ка. 10 години го чекаме да проигра. Клубот е на ова дереџе зашто играчи како него, и еден куп други, се со децении тука.
Управата, барем засега, делува паметно. Ако нешто не функционира со години, се обидуваш да го подобриш со промена, а не со стоење во место, што и би значело останување на МекТоминеј. И да не го биде Угарте, ке го продадеш за 20-30 милиони потоа, ама барем си се обидел да смениш/подобриш нешто.
Никогаш ништо лошо нема да кажам за ликот, едноставно, толку му е знаењето. Никогаш не можеш да го донесеш професионализмот или залагањето во прашање, ама толку му е лимитот. Со среќа во Наполи кај Конте.