Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Башка скаути наши биле на Бенфика натпреварот. Ќе биде нешто, ќе биде.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Мислам дека овој Гаитан е договорен за на летото а исто така и овој Хави Гарсија сега изгледав хајлајтс од вчерашниот натпревар на Бенфика и гледам овој Гаитан добар играч е ,а во стилот на игра ми наликува на Давид Силва има одлична техника и многу добра визија на играта само погледетете ја акцијата за 2-риот гол http://www.101greatgoals.com/gvideos/benfica-4-nacional-1-2/
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Конечно прозборе Валенсија, прво нешто што го имам прочитано дека кажал од кога дојде во клубов е ова :pos: Епа чим ова го натерало да прозборе којзнае каква мака има. Сега останува уште да го дочекаме моментот кога ќе се насмее на натпревар.

Го изгледав натпреварот уште еднаш, ќе дадам свои мислења за играчите што беа вчера на терен.

Де Геа - момчево ни спасува 4 бода на два натпревари. Брани слободен од Мата на 3-3 и удар од Џонсон на 2-1. Само уште не можам да разберам како на некои не им чини. Правеше грешки сезонава јасно ми е ама не е негова вина што одбраната се смени 473 пати досега а тој едвај знае англиски. Ако некој сака да ми реплицира на ова, нека ја прочита првата реченица одново.
Рафаел - на почетокот од натпреварот малку беше во офанзива изгубен, во дефанзива одличен како и секогаш. Потсеќа многу на нашиот Робо, убава споредба даде Фергусон. Играч кој кога влегува во дуели без да размисли на последиците (дали ќе се повреди). Сака да го добие секој дуел без разлика против кој играч се работи. Не можеш да не го сакаш :) Се надевам дека повредите се зад него.
Еванс - секоја чест. Не гледам некој да мрчи последниве неколку натпревари. Остајте тоа што е одличен позади туку не знам дали приметувате дека има многу прецизни додавања кон офанзивните играчи, често и самиот истрчува напред. Кога ви го дадов гифот со неговото додавање притив КПР ми викавте на среќа му се трефнало. Ај сеа да чујам објаснување како така на среќа му се погодуваат сите додавања?
Рио - екстремно мотивиран, иако е на мета на јавноста и под притисок ради необјасниви глупости кои нема човек што знае да ги објасни освен фановите на Челзи. А кога е мотивиран ретко греши. Со Еванс не им дадоа да мрднат на Ливерпулците. Дуелот кога му ја собра топката на Суарез е доказ дека има уште фудбал во него.
Евра - немаше некоја посебна работа со оглед на квалитетот на фудбалерите за кои беше задолжен. Како и да е ова беше натпревар за него, нешто слично како што Сити - Челзи пред две сезони беше натпревар за Вејн Бриџ. Можеби малку претера со славјето, но кога сите го направија враќањето на Суарез како враќање на херој и дури некои се дрзнаа да го споредат со враќањето на Кантона на ОТ баш на Манчестер - Ливерпул (wtf :pos: :tapp:) a тој трпи хејт затоа што се реши да прозбори за расизмот, не можеа а да не го понесат емоциите. Онака, типичен Евра настап :)
Валенсија - најдоброто десно крило во светот моментално, убаво кажа Пеп. Ништо повеќе, се е кажано со ова.
Сколс - our pass master. Царуваа на средината со Керик, но најмногу ми е криво што ударот со глава не влезе. FUCK! Без глас ќе останев од дерење да влезеше тоа. Не ми се верува дека овој човек летоска реши да се пензионира. :facepalm: Моментот беше кога се намести за слободен удар и Дауд му ја шутна топката поназад, како го погледна у стил give my ball away again and I'll break your legs :pos:
Гигс - уште еден настап (899), уште една асистенција. На 38 години. Enough.
Велбек, Велбек, ВЕЛБЕК - Тие што имаат да му замерат нешто на Велбек за натпреваров под итно на очно. И тие што велеа дека не сфаќаат зошто Велбек е стартер, мислам дека веќе почнаа да сфаќаат. Како ги вртеше Ливерпулците на мал прст, какви потези правеше, која контрола на топката, милина да се гледа. Одлично комбинираат со Руни, кога ќе се врати и Томче работите ќе се уште посветли. Ме нервира што само некои фанови гледаат селективно. На пример, на Твитер додека траеше натпреварот, англиските фанови што ги следам коментираа во стил - WOW, that's Dimitar Berbatov's brain cloned, tnx Fergie, Welbeck, what a move (кога ги претрча првите 5 минути едно 4-5ца играчи)... а македонските фанови - Ехх Велбек кај ја изгуби топката кај аут линија (кога му кидна тогаш на крај на полувреме). АУТ ОДМА! Сешто.
Руни - со овие два гола се израмни со Џо Спенс на 6то место на листата на стрелци вo клубот со 168 гола. Цело полувреме беше passenger, нигде го немаше, шутираше без врска колку да се шутне. Ама кај нас милион пати докажано е дека гол ти дава играчот што најмалце мислиш. :) Освен 2та гола не направи ништо посебно ама ок, даде 2 гола, МОТМ, иако за мене тоа требаше да биде Валенсија/Сколс/Керик.

И сега уште нешто што имам да додадам:

Наредниот натпревар на Рајан Гигс во дресот на Манчестер Јунајтед ќе биде натпревар бр.

900
900
900
...​
900

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Мислам дека овој Гаитан е договорен за на летото а исто така и овој Хави Гарсија сега изгледав хајлајтс од вчерашниот натпревар на Бенфика и гледам овој Гаитан добар играч е ,а во стилот на игра ми наликува на Давид Силва има одлична техника и многу добра визија на играта само погледетете ја акцијата за 2-риот гол http://www.101greatgoals.com/gvideos/benfica-4-nacional-1-2/
Ни Гаитан ни Гарсија не се решение. Гаитан игра лево крило, позиција каде ги имаме Нани, Јанг, Парк и по потреба Гигс и Клеверли. Гаитан беше купен како директна замена за Ди Марија кога овој отиде во Реал, тој е лево крило, а реално такви имаме, има квалитет и талент, ама колку би играл во прва постава покрај Нани и Валенсија не знам, а да се фрлат големи пари за грејач на клупа е глупаво. За Гарсија, исто добар играч ама он е ДМ со можност да се префрли и како бек. ДМ имаме доволно, плус тоа ги имаме Џонс кој игра баш на таа позиција и Весели, кој може да се покаже како откритие (или флоп). Нас ни треба друг профил на играч. Ваквите засилувања ќе го задоволат глорихантерот зошто утре ќе биде манга во школо и е се фали како 'ние' потпишавме со Гаитан за 30м фунти, а 'тие' се тапа и не купиле никој, без разлика дали навистина ни треба таков играч или не.
 
devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
Искрено од поискусниве и поскапи играчи јас сум уште за Снајдер, скоро за се друго не вреди да се дадат 30м., само кој ме прашува мене. Реално гледано Снајдер е подобар и од Керик, Флечер и Клеверли.. Се надевам нема да ме нападнете.
Иначе у четврток ќе глеаме фудбал бе и тоа у 19:00 :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.757
Поени од реакции
9.534

Гаитан е како Гигс нешто. Може да игра и во средината како плеј, а може да игра и како крило (AMLC). Баш против нас на ОТ играше баш во средината ако добро се сеќаваш. И Андерсон во Порто играше претежно како лево крило, но играше и во средниот ред па откако дојде САФ го постави само во средината. А за ДМ, искрено само Џонс може да игра на таа позиција солидно, додека Керик кога игра таму целосно се губи и ни фали играч за таа позиција посебно откако започнаа повредите на Харгривс. Весели сеуште е млад и не очекувам во наредниов период да заигра во првиот тим знајеќи дека пред него шанса чекаат и Погба и Петручи.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Искрено од поискусниве и поскапи играчи јас сум уште за Снајдер, скоро за се друго не вреди да се дадат 30м., само кој ме прашува мене. Реално гледано Снајдер е подобар и од Керик, Флечер и Клеверли.. Се надевам нема да ме нападнете.
Иначе у четврток ќе глеаме фудбал бе и тоа у 19:00 :D
Немора да значи. Да, вака гелдано подобар е снајдер. Но и Торес во луверпул праеше голови, а сега е дрво, така да мое мислење ако е добар, има реални шанси и да не се снајде баш кај нас. Исто така меѓу другото проблем е неговата плата како што знаеме сите. И јас сакам да го видам во нашите редови, ама тешко Ферги да се одлучи на таков потез, кај дава толку пари :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ферги го сака Гаитан зошто има осет за асистенција, во групната фаза што помина во ЛШ е најдобар асистент :) А и знаете дека стариот се заљубува у играчи што одиграле добро против нас (Роналдо најдобар пример).

Иначе не е до парите бе, видете каков стаклен е Снајдер. Да беше до парите немаше Јанг да се купува летово и да му се дава толкава плата.
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 14:20 ---
Немора да значи. Да, вака гелдано подобар е снајдер. Но и Торес во луверпул праеше голови, а сега е дрво, така да мое мислење ако е добар, има реални шанси и да не се снајде баш кај нас. Исто така меѓу другото проблем е неговата плата како што знаеме сите. И јас сакам да го видам во нашите редови, ама тешко Ферги да се одлучи на таков потез, кај дава толку пари :)
Ферги летово 40-50 милиона ќе им искешира на Бенфика за двајцава, ќе видиш. :)
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 14:23 ---
Мендес им е агент на двајцава, значи нема шанси да нема некои однапред договорени работи. Башка гледам дека Гаитан глуми исто лудило ко Де Геа додека беше во Атлетико, дури и исти договорени фори за пред јавност имаат. Плус брат му на Ферги бил вчера на утакмицата на Бенфика.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Ферги го сака Гаитан зошто има осет за асистенција, во групната фаза што помина во ЛШ е најдобар асистент :) А и знаете дека стариот се заљубува у играчи што одиграле добро против нас (Роналдо најдобар пример).

Иначе не е до парите бе, видете каков стаклен е Снајдер. Да беше до парите немаше Јанг да се купува летово и да му се дава толкава плата.
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 14:20 ---

Ферги летово 40-50 милиона ќе им искешира на Бенфика за двајцава, ќе видиш. :)
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 14:23 ---
Мендес им е агент на двајцава, значи нема шанси да нема некои однапред договорени работи. Башка гледам дека Гаитан глуми исто лудило ко Де Геа додека беше во Атлетико, дури и исти договорени фори за пред јавност имаат. Плус брат му на Ферги бил вчера на утакмицата на Бенфика.
Па добро. Колку што не е, толку и е до парите.
За овие 2цава ми фаќа умот дека би можел да даде 40-50 милиони зошто купува 2ца, а успат и млади.
А доколку Снајдер би дошол, едно е 27 год. полека ќе почне и времето да го гази, а друго според мое мислење би земал и повисока плата од нив двајца. Како и да е, верувам јас во Ферги дека ќе го направи вистинскиот избор, како и досега.
Исто некои ги слушам сто зборат за Де Геа ваков бил, таков бил. Да, праи киксови, и јас го пљукам, ама кога ке видеш од друга страна дечкото е ПРЕМНОГУ млад и за 3-4 години јас мислам дека ке стане невиден ѕвер. Убавото е во тоа што се гледа дека дечкото има добар рефлекс за бранење, единствено му треба повеќе снага и искуство. И доколку е вистина тоа со неговиот проблем со очите и ако се среди тоа летово, мислам дека ке биде уште подобар. За Јанг и Џонс да не збориме.. сите знаеме како играат :)
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Имал проблем со очите, далеку не гледал?
Па кизнај колку топки проектили од преку 20метри фатил, и чоро се прај :pos:
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.853
Поени од реакции
11.516
Гарсија и Гајтан летово ќе облечат дресови на Јунајтед. Стандард политика на Ферги, ги купува во јануари и сите можни медиумски приказни за тие играчи завршуваат тука. Нема интерес нема ништо, има само кеш од Јунајтед и карта за ОТ во еден правец. :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom