Конечно прозборе Валенсија, прво нешто што го имам прочитано дека кажал од кога дојде во клубов е ова
Епа чим ова го натерало да прозборе којзнае каква мака има. Сега останува уште да го дочекаме моментот кога ќе се насмее на натпревар.
Го изгледав натпреварот уште еднаш, ќе дадам свои мислења за играчите што беа вчера на терен.
Де Геа - момчево ни спасува 4 бода на два натпревари. Брани слободен од Мата на 3-3 и удар од Џонсон на 2-1. Само уште не можам да разберам како на некои не им чини. Правеше грешки сезонава јасно ми е ама не е негова вина што одбраната се смени 473 пати досега а тој едвај знае англиски. Ако некој сака да ми реплицира на ова, нека ја прочита првата реченица одново.
Рафаел - на почетокот од натпреварот малку беше во офанзива изгубен, во дефанзива одличен како и секогаш. Потсеќа многу на нашиот Робо, убава споредба даде Фергусон. Играч кој кога влегува во дуели без да размисли на последиците (дали ќе се повреди). Сака да го добие секој дуел без разлика против кој играч се работи. Не можеш да не го сакаш
Се надевам дека повредите се зад него.
Еванс - секоја чест. Не гледам некој да мрчи последниве неколку натпревари. Остајте тоа што е одличен позади туку не знам дали приметувате дека има многу прецизни додавања кон офанзивните играчи, често и самиот истрчува напред. Кога ви го дадов гифот со неговото додавање притив КПР ми викавте на среќа му се трефнало. Ај сеа да чујам објаснување како така на среќа му се погодуваат сите додавања?
Рио - екстремно мотивиран, иако е на мета на јавноста и под притисок ради необјасниви глупости кои нема човек што знае да ги објасни освен фановите на Челзи. А кога е мотивиран ретко греши. Со Еванс не им дадоа да мрднат на Ливерпулците. Дуелот кога му ја собра топката на Суарез е доказ дека има уште фудбал во него.
Евра - немаше некоја посебна работа со оглед на квалитетот на фудбалерите за кои беше задолжен. Како и да е ова беше натпревар за него, нешто слично како што Сити - Челзи пред две сезони беше натпревар за Вејн Бриџ. Можеби малку претера со славјето, но кога сите го направија враќањето на Суарез како враќање на херој и дури некои се дрзнаа да го споредат со враќањето на Кантона на ОТ баш на Манчестер - Ливерпул (wtf
) a тој трпи хејт затоа што се реши да прозбори за расизмот, не можеа а да не го понесат емоциите. Онака, типичен Евра настап
Валенсија - најдоброто десно крило во светот моментално, убаво кажа Пеп. Ништо повеќе, се е кажано со ова.
Сколс - our pass master. Царуваа на средината со Керик, но најмногу ми е криво што ударот со глава не влезе. FUCK! Без глас ќе останев од дерење да влезеше тоа. Не ми се верува дека овој човек летоска реши да се пензионира.
Моментот беше кога се намести за слободен удар и Дауд му ја шутна топката поназад, како го погледна у стил give my ball away again and I'll break your legs
Гигс - уште еден настап (899), уште една асистенција. На 38 години. Enough.
Велбек, Велбек, ВЕЛБЕК - Тие што имаат да му замерат нешто на Велбек за натпреваров под итно на очно. И тие што велеа дека не сфаќаат зошто Велбек е стартер, мислам дека веќе почнаа да сфаќаат. Како ги вртеше Ливерпулците на мал прст, какви потези правеше, која контрола на топката, милина да се гледа. Одлично комбинираат со Руни, кога ќе се врати и Томче работите ќе се уште посветли. Ме нервира што само некои фанови гледаат селективно. На пример, на Твитер додека траеше натпреварот, англиските фанови што ги следам коментираа во стил - WOW, that's Dimitar Berbatov's brain cloned, tnx Fergie, Welbeck, what a move (кога ги претрча првите 5 минути едно 4-5ца играчи)... а македонските фанови - Ехх Велбек кај ја изгуби топката кај аут линија (кога му кидна тогаш на крај на полувреме). АУТ ОДМА! Сешто.
Руни - со овие два гола се израмни со Џо Спенс на 6то место на листата на стрелци вo клубот со 168 гола. Цело полувреме беше passenger, нигде го немаше, шутираше без врска колку да се шутне. Ама кај нас милион пати докажано е дека гол ти дава играчот што најмалце мислиш.
Освен 2та гола не направи ништо посебно ама ок, даде 2 гола, МОТМ, иако за мене тоа требаше да биде Валенсија/Сколс/Керик.
И сега уште нешто што имам да додадам:
Наредниот натпревар на Рајан Гигс во дресот на Манчестер Јунајтед ќе биде натпревар бр.
900
900
900
...
900