Која тужба ја повлекла девојката кога она воопшто и го нема тужено? Кривична постапка и приватна тужба се две сосем различни работи. Гринвуд го гонеше државата по сликите и аудиото кое наводно било процурно, не дека она го пријавила во полиција. Она во случајов е само сведок/жртва. Насилство и силување е кривично дело и по авоматизам државата (обвинителство, полиција) отвара случај и истражува. Без разлика дали она сака или не сака да сведочи, ако има други материјални докази дека он ги извршил тие дела, видеа, аудиа, слики, разговори, он ќе беше на суд и ќе беше осуден. Значи, образложението за прекин на истрагата и откажувањето на обвинителството се две причини, од кои вие намерно една изоставате, тоа што она не сака да сведочи и нови докази до кои дошле, потенцрам нови докази до кои дошле. Значи, не е прекитата постапката зошто не сака да сведочи па немаат други докази, туку наведуваат дека дошле до нови материјали(докази), што логично одат во негова полза чим се причина за обвинителството да се откаже. Апслоутно, со или без нејзино сведочење, ако имало докази аудио, видео, разговори, слики, он ќе биде осуден. На освнова на тоа, она може да го тужи приватно и да бара отштета. Исто како што и убиец ќе биде осуден ако има докази, а жртвата секако не може да биде сведок.
Имаше демант и од Гринвуд, демек не го направил тоа за што го обвиниле. Имаше демант и од Јунајтед, демек после истрагата која и они после ја спровеле, Гринвуд не го направил тоа. Нивниот демант мене, а и на сите треба да ни е тотално небитен, она што е битно е што ќе каже оббинителствоти и судот во краен случај. Тоа што правел поситни проблеми и бил казнуван од клубот или репрезентацијата, не значи дека по автоматизам треба да биде осуден.
Цел случај е доста нејасен, бар по тоа малку што е изнесено во јавност. Прво, дека она не ги пуштила сликите, хакнат и бил профилот или украден телефонот нешто така беше. Објавени неколку слики од крвава уста и модрици, кои може да се од него, а може и да си ги направила сама, имаш еден куп луѓе кои се самоповредуваат, да и се од татко, мајка, брат, сестра, другарка, направени со некава цел. Имаш аудио снимка од 15-20 секудни исечени од 15 минутна снимка и само тоа пуштено во јавност. За разлика од мене и тебе, обвнителството и полицијата имаат пристап до цели материјали, од слики, снимки, нејзиниот телефон, нековиот телефон, разговори пораки, свашта и на основ на тие материјали гради случај. Да е македонско сутсво во прашање и исходот да е овој, дефинитивно би бил на страната дека е крив, дека пробуваат да го заштитат корумпирани обвинители, судии, ама англискиов правосуден ситем нели важи за еден од најдобрите?
Иначе глупост е да урал чипс у продавница, возел побрзо од дозволеното, донеле женски у хотел со Фоден (за што беа казнети у репрезентација), насилство и силување не смее да се перципира како глупост, туку како најтешко кривично дело и да се казнува најстрого што може.