Пак истото, не ми се верува просто. Брзање на напади по секоја цена, да му се намести гол на Роналдо, па макар и примиле гол на другата страна. Еден играч не видов наш да ја земе топката, и да ја набута кај корнер знаменцето. Менаџирање на утакмици кога имаш тесно водство отидено во минус. Само ја враќаме топката назад, и иде противникот, напад по напад. Марк Нобел беше уметник да сецка игра. Ке изнуди фаул, ке легне од грч кога противникот е во налет, ке сецка игра. Овие нашиве, телиња. Им виси голот во воздух, и губат топка на секои 15 секунди.
Секоја чест за Де Геа, победава на негов грб. Мегваер спаси чист гол на крај.