Се извадивме мечов во секоја смисла на зборот. Ова не беше ни на мускули, туку класично вадење со одредена доза на среќа на моменти.
Донекаде очекувано со оглед на нападот, мада Рашфорд и не беше лош, за разлика од Еланга и Роналдо. Вториов е бетер од мало дете, не се поздравил со Невил бидејќи ја кажал вистината за него. Треба да си го стави прстот на чело и да сфати дека не е веќе за врвен фудбал, а не да се брука вака пред камери.
Мали критики за Тен Хаг иначе. Требаше да стави некој побрз играч место Фред според мене, имаше неколку ситуации кога свеж и побрз играч можеше многу лесно да организира контра напад и да го решиме мечот. И многу ме нервира тоа што Бруно стално го вади на крило и го ограничува за 50%. Исто Шо, иако беше добар поголемиот дел од мечот, последните 15тина минути ми изгледаше премногу уморен и оставаше цел декар простор на неговата страна. Можеше и тука да реагира ЕтХ и да го внесе Маласија.
Се на се, не ја заработивме победава, ама добро е една таква победа после Њукасл и Челзи. Има уште два меча пред СП кои мора да се истуркаат некако. Бруно ќе фали ептен против Вила, веќе месец-два наназад игра на ептен високо ниво и е прав мотор на тимот. Можеби нема многу goal contributions, ама го има насекаде по теренот. Не гледам кој е спремен да истрча толку нареден викенд.