Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Добиен меч го загубивме во моменти кога почнавме да паѓаме физички. Кавани издиша периодов од меч за меч форсирање на 35 год. Наместо да се освежи тимот со измени и да се умртви играта, чекавме налет кој скапо не чинеше. Голот ни виси од 60+ мин веќе неколку натпревари со ред и сме се ваделе со ДДГ кој не спасуваше.

Башка кохезијата која е отидена уште толку во минус. Еве со Марсиал почна сага која е непотребно да биде вака јавна.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
Реално немаше замени кои би можеле да ја исконтролираат играта. Имаме тим полн со просеци и тоа е нашата реалност. Физички се слаби и поради фактот дека повеќе форсираат социјални мрежи и реклами отколку фудбал.
Автоматски споено мислење:

Жално за Роналдо што си потроши една година во циркусов.
Роналдо и те како е еден од позаслужните за циркусов годинава.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.728
Поени од реакции
7.318
Не го гледам Роналдо како проблем премногу играчи има што не заслужуваат да играат за јунајтед.
Автоматски споено мислење:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.473
Поени од реакции
20.355
Ај сега да не претеруваме. Управата нема врска со ова што го прикажуваат мочковци на терен оваа сезона.
Автоматски споено мислење:

Почнува сапуницата и кај нас како летото кај Арсенал. Ги заменавме улогите.
Ако е маж до крај треба да ги отвори картите и да каже зашто не е со тимот. Подбро да ќутеше одколку вака да се препукава преку медиум. Ја би го шитнал одма само проблемот е кој ќе плаќа толкава плата за неталентиран фудбалер. Ни еден тренер на светот не им е добар, се нешто се жалат, а уствари толку им е капацитетот. Дрва дрвосани, и Марсијал, Погба, Лингард и сите кои се по нивниот памет ... све на клоци бе, и има да давам пренос во живо кога ќе ги шутирам.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Мене овој Рагник ама ич не ми се бендисва. Како некое чиче склоно кон сплеткарење ми изгледа.
 
Последно уредено:
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Мене овој Рагник ама ич не ми се бендисва. Како некое чиче склоно кон сплеткарење ми изгледа.
Имаше една статија пред да дојде во Јунајтед, ама статија ко статија. Сега некако наоѓам некоја логика во тоа што ги читав.

Еве ја:
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Имаше една статија пред да дојде во Јунајтед, ама статија ко статија. Сега некако наоѓам некоја логика во тоа што ги читав.

Еве ја:
Ја прочитав уште тогаш кога излезе. Не е Рагник баш добро прикажан.
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Оле ваков, таков, од првиот ден знаеше што сака и тоа го имплементира, имаше инстантен импакт, ја среди соблекувалната, внесе хемија, за жал поради претенкиот ростер не успеа да обезбеди топ 4 таа сезона, прегореа неколкуте играчи, Погба, Ерера се повредија и имаше пад во формата последните месец, месец и пол.
Сега да не грешам душа, не би му судел ни на Рагник, како што мислев дека Оле не беше главниот проблем оваа сезона, туку проблемот е на друго место, ама до сега ситуацијата е сосема спротивна. Настрана и тоа што од 6 утакмици со тимови од долниот дел од табелата имаме 3 килави победи, од кои 1 едвај со пенал и волејот на Фред со Палас.
Се повеќе ми изгледа дека најдобра опција им беше да го остават Керик до крај на сезоната.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Не ме интересира колку кошта, и како тоа ќе го изведат, Јунајтед МОРА да го купи Рајс. Топ играч на негова позицуја, таму каде што е најтенок Манчестер.
 
Не освои ништо во 5 финалиња а за умпакт имаше само првите 3 месеца откако го доби договорот се му тргна ба удолница.
Автоматски споено мислење:

Не ме интересира колку кошта, и како тоа ќе го изведат, Јунајтед МОРА да го купи Рајс. Топ играч на негова позицуја, таму каде што е најтенок Манчестер.
Мора и десен бек и централен и везњак ако си отидат Дони ,Матич и Погба.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
724
Поени од реакции
956
Кој играч и да го купат, пак се ко распашана команда. Тим без компас, стратегија и план како да се победи утакмица, не може да победи ни против мизерни екипи.
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Не освои ништо во 5 финалиња а за умпакт имаше само првите 3 месеца откако го доби договорот се му тргна ба удолница.
Автоматски споено мислење:

Мора и десен бек и централен и везњак ако си отидат Дони ,Матич и Погба.
Ок, се сложвам дека мораше да се освои трофеј, особено ЛЕ последната сезона, ама ајде да видиме колку финалиња ќе играме следните 2 сезони. Не е точно дека импакт имаше само 3 месеци, туку до крајот на изминатата сезона, 2 сезони со ред во топ 4, трето и второ место, одличен период кога се искачија на прво место лани ова време и т.н.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Гледам Вест Хем - Лидс, и просечни екипи како овие имаат по 2-3 фудбалери кои комотно можат во секој момент да фатат место во Јунајтед, на една милијарда потрошени пари. Страшна работа.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.728
Поени од реакции
7.318
Ок, се сложвам дека мораше да се освои трофеј, особено ЛЕ последната сезона, ама ајде да видиме колку финалиња ќе играме следните 2 сезони. Не е точно дека импакт имаше само 3 месеци, туку до крајот на изминатата сезона, 2 сезони со ред во топ 4, трето и второ место, одличен период кога се искачија на прво место лани ова време и т.н.
Пост ковид сезоната да се преигра немаме шанса за завршиме со Оле втори повеќе беше падот на останатите екипи одколку што јунајтед беше јак а ковид сезоната кога завршивме трети беше среќа.
Исто тактички беше утепан.
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Пост ковид сезоната да се преигра немаме шанса за завршиме со Оле втори повеќе беше падот на останатите екипи одколку што јунајтед беше јак а ковид сезоната кога завршивме трети беше среќа.
Исто тактички беше утепан.
Абе сега и 2011/2012 сезона да се преиграше ќе имавме уште една титула.
Тие се факти кои не можат да се побијат, тоа што некои си имаат зацртано да го плукаат е друга работа.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.939
Поени од реакции
10.570
Не освои ништо во 5 финалиња а за умпакт имаше само првите 3 месеца откако го доби договорот се му тргна ба удолница.
Автоматски споено мислење:

Мора и десен бек и централен и везњак ако си отидат Дони ,Матич и Погба.
Оле одкако доби договор ја смени скроз играта, почна дефанзивен или сигурен фудбал, претходно се идеше на ура, ол ин ама почнаа послем и противниците да му ја читаат играта, кога ке не оставеа ние да играме со топка врска немаа што да прават, вртеа околу шеснаесетник само

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom