Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Еееееееееееее Манчестер бе што дочека на свој терен Вест Бромвич да неможе да се победи итоа со 2 нула на полувреме е со ваква екипа тешко и до место за Лига Европа
 

Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не знам дали само го видовте спринтот на Гигс во прво полувреме, кога досудија слободен удар. Како да има 15 години, дури и судијата кога го досуди слободниот се смееше со него. :) Кога го видов тој спринт денес се запрашав дали стварно е за пензија човеков.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Иако сум за тотенхем од англиско првентсво манчестер јунајтед од досегашните години по пратам фудбал мислам дека секогаш вака играл првите кола никаде и од 10 то коло до крај има одлично играно не го одпишувајте толку рано :D ке се среди и манчестер
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Не ме засега нерешеново, мислам ме засега со оглед на тоа дека водевме со два разлика, меѓутоа играва беше катастрофална. Ај додека водевме и покрај слабата игра мислев дека некако ќе го сведеме така до крај натпреварот, без многу залагање, ама кога паднаа веќе тие два случајни гола за израмнување, е тогаш требаше да додаме гас и да постигнеме барем уште еден гол. Меѓутоа се случи она спротивното, се гледаше дека постоеше паника и немир кај играчите по шокантните два гола на ВБА т.е. едноставно неможевме да создадеме ниедна посериозна прилика за да го загрозиме голот на Скот Карсон.
Се надевам дека овој натпревар ќе е дополнителен мотив за понатамошниот тек на сезоната т.е. мора Ферги нешто да промени, затоа што никогаш досега не сум видел Ман Утд да губи така лесно предност од 1 или 2 гола, како што тоа се деси во претходните неколку натпревари.
Планирам на натпреварот со Бурса за прв пат да дојдам во Корнер, мислам ако се собирате сите, значи редно е веќе да се запознаам со сите вас и се надевам дека ќе донесам среќа за тимот и нормално ако е така, тогаш изгледа ќе морам почесто да доаѓам натака :vozbud:. Поздрав и Глори Глори Ман Утд :smir:.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Најтрагичното е што и Челзи изигра нерешено против Вила 0 - 0. Мора да ги користиме ваквите киксови. Остана разликата 5 бода.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.923
Поени од реакции
7.017
Значи од ова новинариве во Англија човек да се плаши како од чума. Добро бе навистина ли е можно да се случи она што го пишуваат. Работата стварно не оди на добро, Руни е катастрофален оваа сезона ама до толку да дојде до ситуација за напуштање на клубот јас не сакам ни да помислам ама....којзнае???
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Младите ѕвезди на тимот - Ravel Morrison

Готово е со Руни. Денес го виделе како се пакува и ја напушта неговата куќа, а пред неа имало знак FOR SALE и што е најтрагично имал мапа од Мадрид во рака, а Каи бил облечен во гостинскиот дрес на Реал и тоа замислете од Роналдо.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Абе што туку верувате на статии без изјави од играч/менаџер? Вака и за Видиќ извадија муабети ама од кога потпиша договор ги снема некако медиумиве :toe:
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Требаше Македа да влезе вчера :raz:
До повредата на Гигс беше ОК, потоа следеа тактичките грешки на Ферги. Прво го стави Андерсон на лево крило, наместо Руни да влезе и да ја заземе таа позиција и второ го стави Гибсон во игра, од кога целосно ја загубивме битката на средината, за до крајот да играме со тројца централни мидфилдери - Сколс, Гибсон, Андересон и само едно крило - Нани.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom