Абе, Венгер, Венгер колку што си прост толку и не тежеш. Бирмингам околу две недели немаа играно футбал и беа свежи за против Манчестер,а тој ќе кажува демек ние сме имале предност во однос на Арсенал. Не за џабе предходните години фановите на Јунајтед го нарекуваа и испевуваа дека е педофил.
Венгер секогаш се жали, но да знае дека на крајот пак ќе си остане без трофеј. Тој и неговиот Арсенал само ни го чистат патот до титулата. Прво го победија Шити кога беа во налет, и сега Челзи каде што беше круцијално да не победат.
Така беше и предходните години кога одиграа реми со Челзи во 2007 година и Манчестер Јунајтед стана шампион во Англија за прв пат после три години и во 2009 година кога одиграа реми со Ливерпул на Енфилд во круцијалниот период од сезоната и подоцна Манчестер пак станаа шампиони.
Значи ако се погледнат вака работите Арсенал од секогаш са ни биле од корист, па се надевам дека и оваа година ќе ни бидат од корист.
Утре е must win game на Холторнс за да ја забележиме втората победа на гостински терен после онаа на Британија кај Стоук. Нани би требало да се врати, а додека Сколси се уште е неизвесен со неговиот groin. Исто така и ОШеј спаѓа во оваа група на неизвесни повредени футбалери за утре. Значи очекувам тешка издвоена победа и да останиме на првото место.
Инаку Видич мора да биде многу претпазлив за утрешниот натпревар против ВБА, на 4 Јануари против Стоук и на 9 Јануари против Ливерпул да не добие жолт картон, бидејки ако добие ќе му биде пети и нема да игра на многу тешкиот натпревар на Вајт Харт Лејн против Тотенхем на 16 Јануари, оти не би сакал да играме со Џони Еванс.
П.С. Среќна нова година на сите членови на овој форум и многу успех и среќа во новата година.