Трансферот на Линдегард од аспект на тајминг изгледа перфектно. Прво, потпишуваме со млад голман кој сеуште не го достигнал зенитот, го носиме во клубот за многу поволна цена 3-4 милиони фунти и ќе има повеќе од еден месец тренинзи со клубот кое сигурно многу ќе му користи во адаптирањето. Да бидам искрен преферирав некој друг голман, фаворити ми беа де Геа, Нојер, Лорис, ама штом Ферги го следел одреден период и вели дека му се допаѓа, тоа е доволно добро за мене. Уште една придобивка за Линдегард ќе биде што најмалку 6 месеци ќе може да учи од великанот меѓу стативите и советите и можноста да се гледа Ван дер Сар со сигурност ќе има позитивно влијание на Линдегард.
Околу можните сценарија со голманската позиција на лето има неколку можни сценарија (под претпоставка дека ВДС ќе се пензионира). Прво, да останат Линдегард и Кушчак и да имаат еднаков третман и да се борат за бројот 1. Опција што би требало да го извади максимумот од двата голмани, за Кушчак тоа ќе биде животната шанса конечно да се покаже во голем клуб, за Линдегард исто така огромна шанса посебно што конкурент би му бил PIG, не толку звучно име како ВДС. Второ, Кушчак да се прати на позајмица во некој клуб со можност за откуп на неговиот договор, а Линдегард би бил втор голман до јуни, а по тој период клубот би одлучил дали да го врати или продаде Томаш. Трето, Кушчак го продаваме во јануар, а на лето се купува нов голман во зависност од тоа како ќе се покаже Линдегард. Ако е доволно добар за прв голман, да се купи резерва, ако не да се размислува за нов прв голман. Искрено не мислам дека Амос ќе постигне нешто позначајно кај нас и дека клубот нема сериозно да смета на него.
Читам дека многу од фановите тука велат дека треба да му се даде шанса на Кушчак и до некаде и јас се сложувам со тоа. Ама доколку клубот не смета на него ви иднина би требало да му даде прилика шансата да си ја бара во друг клуб каде ќе ја добие првотимски статус и поголема минутажа.