Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ај честито нека ни е новиот голман.. Неможам да коментирам за него ништо, бидејќи не го иам гледано до сеа.. Ама чим Ферги вика оти е добар, му верувам :):)

И после очекувам победа и фала богу една вечер да преспиеме на врвот..а може и повеќе :):)
 
Во подготовка е колекција од 10-ина ManUtd-ispired HQ wallpapers by me :vozbud:. Coming soon...

И како можи бе на Спорт Клуб+ да биди пренос Стоук-Ман. Сити?!?! Ах бе... а Манчестер е пренос на Спорт Клуб 4
шо ја нема во Македонија :tapp:
P.S. Ај за убо да ни е новиот голман. Данците отсекогаш давале добри голмани, да се надеваме дека традицијата ќе продолжи. Јас сепак сакам да му се даде шанса на Кушчак следната сезона да биде прв голман ако си оди ВДС. Заслужува човекот по толку години втор голман, да добие шанса. Ако веќе тогаш ја оплеска ќе си биде пак втор, зад Линдегард или пак ќе си оди од Јунајтед.
 
Манчестер Јунајтед ќе ја репризираат вечерта во 21 часот, а и утре само незнам во колку часот, на мене како што ми е спор интернетот вечер ќе си ја изгледам. :)

И нека ни е честит новиот трансфер, му посакувам успешна и долга кариера во Јунајтед.
 
Честит нов трансфер, каква му беше повредата на Валенсија и кога се враќа?
 
Пенал беше да. И шо значе тва? Фауло над Фабио не беше за пенал? Бусака версии ќе плаќа...

Епа ти викаш оти фауло над Фабио не беше пенал, шо само тука се бунеш :)?
 
Трансферот на Линдегард од аспект на тајминг изгледа перфектно. Прво, потпишуваме со млад голман кој сеуште не го достигнал зенитот, го носиме во клубот за многу поволна цена 3-4 милиони фунти и ќе има повеќе од еден месец тренинзи со клубот кое сигурно многу ќе му користи во адаптирањето. Да бидам искрен преферирав некој друг голман, фаворити ми беа де Геа, Нојер, Лорис, ама штом Ферги го следел одреден период и вели дека му се допаѓа, тоа е доволно добро за мене. Уште една придобивка за Линдегард ќе биде што најмалку 6 месеци ќе може да учи од великанот меѓу стативите и советите и можноста да се гледа Ван дер Сар со сигурност ќе има позитивно влијание на Линдегард.

Околу можните сценарија со голманската позиција на лето има неколку можни сценарија (под претпоставка дека ВДС ќе се пензионира). Прво, да останат Линдегард и Кушчак и да имаат еднаков третман и да се борат за бројот 1. Опција што би требало да го извади максимумот од двата голмани, за Кушчак тоа ќе биде животната шанса конечно да се покаже во голем клуб, за Линдегард исто така огромна шанса посебно што конкурент би му бил PIG, не толку звучно име како ВДС. Второ, Кушчак да се прати на позајмица во некој клуб со можност за откуп на неговиот договор, а Линдегард би бил втор голман до јуни, а по тој период клубот би одлучил дали да го врати или продаде Томаш. Трето, Кушчак го продаваме во јануар, а на лето се купува нов голман во зависност од тоа како ќе се покаже Линдегард. Ако е доволно добар за прв голман, да се купи резерва, ако не да се размислува за нов прв голман. Искрено не мислам дека Амос ќе постигне нешто позначајно кај нас и дека клубот нема сериозно да смета на него.

Читам дека многу од фановите тука велат дека треба да му се даде шанса на Кушчак и до некаде и јас се сложувам со тоа. Ама доколку клубот не смета на него ви иднина би требало да му даде прилика шансата да си ја бара во друг клуб каде ќе ја добие првотимски статус и поголема минутажа.
 
Видете ја оваа интересна информација
Во 1992 Ерик Кантона на 27 ноември премина во Манчестер Јунајтед
 
Епа ти викаш оти фауло над Фабио не беше пенал, шо само тука се бунеш :)?

Аман, тој само сакаше да каже дека судијата не ни ''врати'' за недосудениот пенал во 3та минута, туку дека ова беше чист, заслужен пенал, без разлика што се случуваше во 3та минута. Ти кажа дека судијата ни вратил тоа што не оштетил со недосудувањето на пеналот во 3та минута... бла бла бла... :)

За Линдегард сум песимист. Многу повеќе доверба имам во Кушчак. Истрпе толку многу години, падна на толку ниско ниво да биде замена дури и на еден Бен Фостер, ама остана во Манчестер Јунајтед и јас искрено не памтам натпревар на кој Кушчак бранел слабо. Според мене асолутно треба да добие шанса барем една сезона да покаже што знае.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom