Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
За другите фанови: ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА КРАЈОТ.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
Уште кога видов дека Карик ќе го изведува пеналот си кажав во себе,,Ајт ни отиде пеналот..Незнам зошто Руни не го изведе или Гигс кој беше број 1 на теренот..
Незнам зошто така сте викале,Керик важи за еден од најпрецизните изведувачи на пенали од тие што ги имаме моментално :toe:
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.391
Поени од реакции
21.944
Незнам зошто така сте викале,Керик важи за еден од најпрецизните изведувачи на пенали од тие што ги имаме моментално :toe:


Уште кога ја местеше топката се виде дека лошо ќе шутира...Само не ми е јасно зошто Руни не шутираше...??
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Требаше Руни да го шутира пеналот. Колку и да го процени голманот, неможе да му ја фати топката заради брзината.

Јбг, експерименти. :svirka2:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Зборам за сезоната 2007/2008..


Едит: Сеа се сетив...Роналдо добил црвен,мислам дека беше со Рединг,но не се сеќавам дали директен или по 2 жолти,бидејќи не го гледав натпреварот...Ако не се лажам бил директен,па мислам дека потоа не играше против Портсмут,Шити и Сандерленд..Сепак не ме фаќај за збор не сум 100% сигурен...

И ај доста за него..Ќе докажеме дека сме силен тим и без него..Ако не освоиме ПЛ оваа година,сите ќе викат Манчестер не го бива без Роналдо...Но прво нека кажат кој тим освоил 4 пати по ред ПЛ??? До сега во историјата на ПЛ,ако не се лажам , најдолга низа е 3 титули по ред,а тоа само му има успеано на Манчестер и тоа ДВА ПАТИ!



Поздрав!
Ај за момент да се навратам на дискусијава. Тогаш Роналдо доби црвен против Портсмут, колку што се сеќам за педерско удирање на противнички играч, а против Ридинг нивен играч доби црвен, не наш(портокаловиот Китсон). После Роналдо фино лепо си паузираше 3 натпревари. Влегоа полека сите во форма и на крај Манчестер шампион.

Сега тој е минато.

За синоќешниот натпревар без коментар сум, тоа како да не беше Манчестер. Слаба игра... играа како изгубени. Не се знаеше кој каде е. За пенали се поубеден сум дека Андерсон е вистинскиот.

Мора да се менува нешто веќе од сабота, и да се купи барем уште еден играч до крајот на Август, се надевам тој да биде Давид Силва. Неверојатен креативец. Тоа е она што ни треба.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Ај за момент да се навратам на дискусијава. Тогаш Роналдо доби црвен против Портсмут, колку што се сеќам за педерско удирање на противнички играч, а против Ридинг нивен играч доби црвен, не наш(портокаловиот Китсон). После Роналдо фино лепо си паузираше 3 натпревари. Влегоа полека сите во форма и на крај Манчестер шампион.
Да,да така е...Кажав бев у Грција,не ги гледав тие два меча(мечот со Шити го глеав у кладилница),па после тоа ми расправаа другарите...

Иначе,Силва тешко да го купиме...А мислам дека Ферги ќе си тере по свое и нема да купи,иако сакам да доведе некој на ОТ...

ИНаче ако заигра во Европа Лига,нема да смее да игра за друг тим во ЛШ нели???

Оти Валенсија игра денес,Силва сигурно ќе игра(освен ако не е повреден)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Каков силва бе, еден несреќен пораз и готово, сите у депресија, испагаме во втора лига :tapp::tapp: Прочитајте си ги коментарите коа тепавме со Бирмингем: "Прекрасна игра" и "докажавме дека можеме без роналдо". А сеа тоа се заборави, Барнли е екипа која не играла 33 год. во премиер, беше мотивирана и изненади, плус погрешен избор на играчи од средината, гигс мора да игра во средина а не на крило. По Арсенал, Тотенхем и Сити ке видиме дали има шанси овој состав за 4-та титула :helou:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Да,да така е...Кажав бев у Грција,не ги гледав тие два меча(мечот со Шити го глеав у кладилница),па после тоа ми расправаа другарите...

Иначе,Силва тешко да го купиме...А мислам дека Ферги ќе си тере по свое и нема да купи,иако сакам да доведе некој на ОТ...

ИНаче ако заигра во Европа Лига,нема да смее да игра за друг тим во ЛШ нели???

Оти Валенсија игра денес,Силва сигурно ќе игра(освен ако не е повреден)
Ќе може да игра за нас, може максимум еден фудбалер кој е пријавен за Европа Лига да биде пријавен и подоцна за ЛШ, барем така беше до сега за УЕФА Купот.

Како и да е, празен муабет е ова, уште малку останува време за пазарење, а веќе нема дури ни шпекулации за некој трансфер, не па да сме блиску до реализирање.

И да, во право е Бојан, секој има слаб ден, ама ова не треба да се повтори. Момците треба озбилно да си ја сфатат работата и веќе во сабота да им се вратиме на победите, иначе тешко нас.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Не бев во можност да коментирам за мечот затоа што не го гледав, а резултатот е разочарувачки. Според многумина од овде нашата игра била очајна, па сме го заслужиле поразот. Одбраната моментално ни е дупка, а по крилните позиции мора да играат или Нани или Валенсија, ама според мене е најдобро двајцата. Пеналите мора да ги шутира Руни. Не знам зашто прави Фергусон толку експерименти, баш на стартот од сезоната. Но сепак ова е само 2-ро коло, сезоната е долга, се може да се случи.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Не го прави ама кај вас 1 играч го правеше тимот со по 40 гола во сезона
Сега тимот ќе го прават 2 играча со по 20 гола и + 10 играчи со по 5-6 гола и кога да видеш пак сме на исто... :toe:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
После овој пораз незнам што чека Ферги нека ги доведе Ван Дер Варт од Реал перфектно ќе се вклопи во играта...Нам ни треба креативе..
Си размислил малце што збориш?Ферги е најдостоинствениот менаџер во светот, да го продаде најдобриот, а да купи после еден од играчите за фрлање на Реал, нема шанса.

Не верувам дека Ферги ќе купи уште некој играч,освен можда некој за 2-3 миљона максимум.Моја најголема желба би било детево.Претрча од половина на терен до гол,со двајца на него,ги издрибла и даде гол.:cuc:

И еве еден интересен текст за 10 работи што научивме од минатата недела за Премиер лигата.
Посебно обрнете внимание на првото и второто.
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Навистина човек да се изнамачи додека ги прочита пропуштените страници, и тоа најмногу постови од антиманчестеровци. Незнам зошто некој ги чека токму ваквите моменти за да критикува и се сити на поразот. Што има тука чудно? Манчестер е тим кој е силен, но не е идеален. Кој е тој тим кој нон-стоп победува? Кој рече дека Манчестер е чудо кое неможе никогаш и ништо да изгуби. Причекајте го крајот на сезоната а потоа коментирајте и нервирајте се (ако треба, а се сомневам дека ќе треба). Не дека јас нема да критикувам за синоќа, ама смирете се малку. Од каде тоа одма дека не можеме без Роналдо? Зарем малку натпревари ги победивме после заминувањето на Роналдо?. Едно е сигурно: традицијата продолжува - во стартните кола Манчестер лошо стартува. Не сте се запрашале дали лошите стартови од почеток на сезоните МОЖЕБИ се дел од тактиката на Фергусон? Ако се работи за лош ден, подобро е што е сега на почетокот отколку во моментите кога ќе ни се важни бодовите. Ако јас се прашувам за вчерашниот натпревар би рекол вака: Добро, со одбраната имаме проблеми со повреди и тоа е тоа. Не ми се допадна тоа што не играше од почеток Нани или Валенсија. Нани беше повреден но Валенсија беше тука. Флечер е во одлична форма, а кога Сколс игра во средината имаме целосна контрола и сервирање на одлични топки насекаде на теренот прецизно до ногата на било кој колега. Не ми се допадна тоа што Керик шутираше пенал. Ако бил толку голем стручњак за пенали (како што рече некој погоре), зошто лани сите пенали ги шутираше Роналдо (а не Керик)? Не го окривувајте Овен за промашувањата, едноставно топката синоќа не сакаше да влези во голот, па кој и да беше, ќе промашуваше. И Гигс беше сам пред гол, па промаши. Како велат старите "од пишаното не се бега" :)
Веројатно Ферги мисли дека сме на стартот на сезоната и дека има простор за правење експерименти, тој сигурно знае повеќе од нас. Само се молам да не (не дај боже) почна строста да делува на Сер Алекс, кој бескрајно го почитувам и ценам. Како и да е сепак реално е да се каже дека нема никакво оправдување за пораз од екипа како Барнли, и се надевам дека вчерашниот пораз ќе биди една огромна лекција со огромна важност за понатамошното креирање на играта и екипата. Едно е сигурно дека треба што побрзо да го заборавиме ова лошо издание, а тоа може да ни го овозможи само нашиот Манчестер во наредните кола со добра игра и резултати. Не се грижете за антиманчестеровците. Тие повеќе ќе плачат отколку што ќе се смејат (радуваат), затоа што во никој случај Манчестер Јунајтед не може да има повеќе порази од победи. Нека е со среќа, има уште многу да се игра, а на грешките се учиме и стануваме посилни.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Аххххх вчера беше моментот што не сакав повторно да го доживеам, моментот кој очајно ме потсеќа на тој грд период од 2004-2006, моментот за кој се надевам дека играчите ке докажат дека е само бледо издание и ништо повеќе.
Значи ако се заклучува од една утакмица кој ке биде шампион тогаш предлагам да им го дадат на Арсенал пехарот. И онака ке биде заслужено.
Манчестер никогаш не бил јак на почетокот на првенството, факт. Но сметајки ги утакмициве за доста лесни (иако Барнли докажаа дека нема лесна утакмица) рачунав на 9 поени од три утакмици, најискрено. Но тука беше наивноста на Керик иако за зачудување беше како он може да промаши пенал. Јас бев доста сигурен дека ке го даде со оглед на одлично шутнатите пенали во секоја прилика што ја добил. Но кога можеше и Роналдо со Вест Хем, Барселона, Челзи да промаши тогаш зошто да не смее и Мајкл. Ич не го обвинувам. Барем имаше муда момакот да испадне и да пуца. За разлика од нашиве напаѓачи кој за жал многумина се крстат во нив (i am looking at you scouse bastard).
Но мора да имаме и во предвид дека одбраната ни беше значително ослабена, нешто што ако се случи на Челзи, Арсенал или Ливерпул ке биде патетично и смешно. Но со оглед на сите проблеми, сметам дека освен голот Браун, Еванс и О Ши доста добро се држеа (посебно вториов и третиот). За Евра немам никаква забелешка. Еден од најдобрите бекови во историјата на Јунајтед. Сам играше вчера, напред назад. Монструм.
Одиме на средината, уште кога ја видов поставата се изнервирав што не играше Валенсија место Гигс или Парк. Факт е дека ако сакаме дечкото побрзо да се уигра треба повеќе да игра. Башка и Нани не играше значи ние немавме никаква продорност по крилата, очајна тактичка грешка на Серот. Се играше само по средина а Барнли знаеше тоа како да го спречи со нивните 9 души во 16тник. Друга грешка која ми падна во очи е играњето на Овен. Додека не се врати во формата која беше во Ливерпул, јас сметам дека не треба да припари во првиот тим. А за да дое до таа посакувана форма треба да биде пуштан во игра само на Олд Трафорд и тоа во дуели со вакви екипи како Барнли, Бирмингем, Стоук и тн. Би се согласил Бербатов да игра место Овен во секое време. Колку толку татарот знае да проигра, добар во воздушни дуели и има некаков си квалитетен шут, за разлика од скаузерсково гомно (па и седмицата му ја дадоа :nenene:).
Додека беа Роналдо и Тевез, ја знаев дека секогаш има надеж за пресврт и победа. А ваа сезона се убедив во спротивното и тоа во 60 минута после константно гледање како Руни се мачи да направи нешто од ништо, а уствари е чуван од двајца во секој момент и останува на некој деген како Овен да не вади во утакмицата. Нешто незамисливо за минатите 3 сезони. Кога не ни одеше, влегуваше Тевезката, Роналдо и Руни по крилата и ги бомбардираа газињата на сите педерски екипи што се затвараат на домашен терен. А сега кој го имаме како светла напаѓачка точка во тимот? Само Руни-играч кој многу пати докажал дека малце ако не му оди на цел Јунајтед не му оди, а тоа не може да е добро. Нема иницијатива, нема кој да се истакне кога не му оди на тимот, за разлика (ке повторам пак) од минатата сезона. Значи тоа што го дробев уште од завршетокот на ланската сезона дека во Роналдо губиме одличен провокатор, играч со психичка стабилност на еден Фиго, Дел Пиеро, Зидан и тн, играч кој колку и да му свири публиката тој само се охрабрува се покажа во само второто коло против еден повратник во ПЛ по 33 години. Ами каде се дербињата со Арсенал, Ливерпул и Челзи? Или па недај боже да се повреди Руни или да добие црвен картон. Помислата е застрашувачка.
Но како и да е, секој вистински навивач на Јунајтед кој добро го познава размислувањето на Ферги сигурно знаел дека и со Роналдо во тимот немаше да ја освоиме оваа сезона титулата. 4 по ред е премногу, дури и за Манчестер. Затоа сметам дека Фергусон (на кој се повеќе и повеќе му се восхитувам) е во право што го дае Роналдо и што ја почна по 4 пат работата која одлично му оди, а тоа е да изгради генерација која ке биде страв и трепет во Англија пред се, генерација која ке знае да игра добар и напаѓачки фудбал и во ист момент и гнасен и агресивен начин на игра. Да тепа и кога не игра убаво(случај со минатите две сезони). Сега само останува на момците вклучувајќи го и ливерпулското гомно, да ме демантираат и да го направат тоа што е дури незамисливо со оваа екипа. Да освојат по 4 пат ПЛ. Не сакам ништо друго.
Но затоа Манчестер Јунајтед е институција и никогаш нема да подлегне пред сите хејтери и точкачи на брилијантноста на Фергусон, трењер кој не престанува да изненадува и допрва ке го докажува фактот дека:
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД Е ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ВО ПОГЛЕД НА УСПЕШНОТО МЕШАЊЕ НА ИГРАЧИТЕ ОД АКАДЕМИЈАТА СО КУПЕНИТЕ ИГРАЧИ И КЕ ОСТАНЕ ЕДЕН ОД ДВАТА ТИМА ( Арсенал) КОЈ КОНСТАНТНО ИМ ДАВА ШАНСА НА МЛАДИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИ ИГРАЧИ.
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД Е ФУДБАЛСКА МАШИНЕРИЈА И НИКОГАШ НЕМА ДА ИСЧЕЗНЕ.


UNITED TILL I DIE!!!
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Друже ова е еден од подолгите постови кој вреди да се прочита, браво за тоа :smir:. Мене највеќе ме загрижува тоа што титулата се добива или се губи токму во овие натправари ама се надевам дека ова ќе биде отрезнувачки пораз за играчите и дека ќе се свестат и ќе видиме еден нов Јунајтед со Виган. Е сега за одбраната малку. Дефинитивно бевме ослабени и со евентуалното враќање на Видиќ и Еванс во сабота многу работи ќе се сменат и ќе се отвори уште една супер можност при корнерите. За средниот ред го оправдувам неиграњето на Нани најмногу поради тоа што тој имаше мала повреда на раменото, па подобро да не игра на еден натпревар отколку да се загуби на подолг период доколку по секоја цена игра за првиот тим. Мислам дека ќе биде во првиот состав со Виган во сабота. Исто така за Валенсија мислам дека мора да се најде во првиот состав најмногу поради неговата брзина која е потребна за контрите и поради неговите одлични пасови кои и тоа како им требаат на Руни, Овен и Бербатов, и се сложувам дека Овен треба да биде на клупа, а Бербатов да игра во првата постава бидејќи моментално е во многу подобра форма од него, ама ај се надевам дека вчера беше само негов лош ден. Епа сега не останува ништо друго туку да чекаме до сабота и да видиме како ќе се снајдеме со уште посилен противник од Барнли, и се надевам дека ќе го извадиме најдобриот тим во кој ќе бидат и Видиќ, Еванс, Нани и Валенсија
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom