Манчестер Јунајтед“ бил цел на терористичкиот напад во Џакарта
30.07.2009
Фудбалерите и целиот состав на „Манчестер Јунајтед“ биле цел на терористичкиот напад врз хотелот "Рич-Карлтон" во Џакарта, извршен пред две недели, пишува лондонскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на пораката од Интернет страницата за која се верува дека му припаѓа на најбараниот терорист во Индонезија, Мохамед Тап.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во пораката се вели дека двата хотели биле одбрани за бомбашките напади, во кои беа убиени седум лица, бидејќи таму требаше да гостуваат фудбалерите на „Манчестер Јунајтед“, кои еден ден по терористичките акции требаше во Џакарта да играат фудбалски натпревар.
- Фудбалерите се христијани, па затоа муслиманите не би требало да имаат почит кон овие непријатели на Алах, се наведува во пораката на Интернет страницата на индонезиската екстремистичка група.
Пораката е напишана на индонезиски и на арапски јазик. По информацијата дека е нападнат хотелот каде требаше да престојуваат фудбалерите и раководството на Манчестер, клубот во последен момент го откажа своето гостување во Индонезија, земја каде фудбалот и посебно овој клуб се мошне популарни.
a1.com.mk