Добро бе Kanal89, зошто му реплицираш на човекот за секој можен пост? Очигледно ти си тој што се замара со глупости, а не MileRedDevil...ако имате по 12 години, ондак оправдано, ама сигурно не сте мали деца, така да искулирајте и поштедете се самите да не бидете банирани од хиени кои што чекаат само погрешен збор, а камоли расправија...на крај краева расправајте се на друго место, ова не е пазар.
Peace
Бидејќи ми се обраќаш, еве и тебе ќе ти реплицирам. Но разликата е во тоа што нема да те навредувам (штом не ме навредуваш, и не се правиш паметен на моја сметка) како некои стручњаци тука. Реплицирањето е дел од постирањето и мене не ми пречи кога некој ми реплицира, и ако не се сложува со мене, тоа културно и човечки да го објасни, а не да навредува, да се прави паметен на моја сметка, и да дели црвени (тоа многу не ме засега, нека се радуваат децата). Мене ми пречат (јавно искажани тука) личните навреди кои и јас ги делам, но никогаш прв тоа не го правам. И јас сум читал тука премногу глупости и за клубот, а и оф топици, но на никој не сум му реплицирал со навреда. Не може некој да се прави тука поголем фан затоа што "имал некој месец повеќе стаж на форумот",и да мисли дека заради тоа може секој да го навредува и омаловажува. Јас како што рече ти не се замарам со глупости. Иако изгледа дека се нервирам, тоа не ме нервира. Очигледно другите повеќе се нервираат кога "каменот што го фрлаат накај мене, им го враќам назад и ги удира по глава". Некој тука се труди (и сам, а и со пртпароли), да убеди дека "цел форум бил против мене". Ако мислат така и модераторите нека ме предложат за бан, па не мора да пишувам. Очигледно како што рече Чомбе тука има неколку што сакаат да делат едноумие, и ако не мислиш како нив, (без разлика дали се во право или не), одма одат против тебе. И најчесто тоа го прават со навреди, бидејќи за попаметни аргументи и не се способни. И ете негогаш ни се наоѓа и малку слободно време, па ќе се спуштиме на нивно ниво, и ќе навредуваме во нивни стил, едноставно да видат како тоа изгледа од страна. Жал ми е што овие дискусии се случуваат во нашиот фан клуб.