Нека ни се со среќа, новите три бода. Заслужено ги освоивме, бевме подобри, но сепак не сум задоволен што толку се намачивме со еден Блекбурн. Колку и да играше одбранбено, колку и да им беше тактиката со правење прекршоци, требаше полесно да го дадеме првиот гол. Иако победивме, со право ќе кажам дека сеуште сме "надвор од колосек", дека треба да ја повратиме формата и дека треба да ги издржиме лошите денови. Добро е што е Блекбурн во прашање, но следниот пат ќе биди Челзи кои без сомнение се во добра форма. Потајно се надевам дека сепак можеме да им ја прекинеме успешната серија како што многу пати досега тоа сме го правеле со многу тимови. Не дека е слаб тимот, но имаме комбинација на неповолни околности. Прво проблеми со одбраната, ги немамвме најглавните (Видиќ и Фердинанд). Денес немам забелешки за одбраната, но и да сака некој да даде забелешки, не може да најде, бидејќи на Блекбурн "им требаше виза од амбасада да добијат"
за да влезат во нашиот шеснаесетни и да шутираат. Тие, се, сакаа, само гол не сакаа да постигнат денес. Потоа проблеми имаме со ефикасноста односно она што го велиме спортска среќа да имаш, или да немаш спортска несреќа. Токму поради тоа Бербатов се намачи со неколку шанси и не постигна гол, освен една кога заводивме. Не е точно дека е слаб Бербатов, туку едноставно сеуште има денови кога и тој е еден од оние на кои не му оди. Руни иако постигна прекрасен гол , не е тоа што треба да биди. Но не "плукам" по него туку треба да го сватите дека тој е под психолшко влијание заради породувањето на жена му па затоа не го дава максимумот. Го напаѓате Овен затоа што не можи гол да постигни. Не е тој виновен. Треба минутажа за добра форма. Како да постигни гол кога игра само по 15-тина минути. И Бербатов да го заменеа во 15-тата минута, немаше да постигни гол. И тој промаши, но имаше повеќе време и шанси, па една искористи. Барем на ваков натпревар како овој денес, можеше Овен да биде стартер и да одигра повеќе од 15-20 минути. Не можеме да очекуваме дека сите ќе бидат Оле Гунер Солскиер. За Обертан секоја чест, се насетува потенцијал кај него и да се надеваме дека понатаму повеќе ќе ни служи. Можеби е како што велите трема во прашање, но јас мислам дека сепак од таква шанса требаше повеќе да покажи и оствари Обертан. Можеби прв пат игра на Олд Трафорд во дресот на Манчестер Јунајтед, но сигурно не игра прв пат фудбал. Да се надеваме дека ќе ја подобри реализацијата. Андерсон по се изгледа физички ни е најспремен. Влегува во добра форма и треба почесто да игра. Денес беше главен во средината. Со Керик незнам што е проблемот, ама многу е слабо забележителен. Тој е играч кој треба почесто да игра со топката, а кај него тоа го нема во последно време. Ако се работи за слаба форма или криза, нека се одмори. Нани и Валенсија се добри и добро играме кога сме со двајцата по крилните позиции, но Валенсија пак ќе речам нека си ја заборави себичноста и повеќе нека додава особено кога се работи за шанси за гол. Ние сакаме Манчестер да постигни гол, а не е важно дали тоа ќе биди Валенсија или некој друг. А од Нани ќе видевте многу повеќе и многу подобро издание, да не беше целта на Блекбурн само да се фаулира
. За Евра нема потреба од коментари, тој и натаму ни е од најголема корист и во одбраната и во нападот. Како и да е, сепак бодовите се заслужени, но мора многу да се подобриме за да изиграме добро со Челзи. "Отскочна даска" за тоа треба да биде натпреварот во Вторник во лигата на шампионите. Добро е што конечно имаме сочувана мрежа и не примивме гол. Барем еден од ѓаволите пукна :pos2:. И уште нешто. За да биде подобар на теренот Руни, мислам дека од големо значење е да се породи жена му,
па да се ослободи од психолошкиот притисок Руни. Молете се тоа побрзо да се случи, па Руни "нека фрли по едно". :pos2:.