Можеби најинтересниот дуел од целата група, каде што Англискиот шампион Манчестер Јунајтед и Сер Алекс Фергусон се сретнува со Германскиот шампион Волфсбург и искусниот тренер Армин Вех.
На последниот натпревар Волфсбург играа против Хановер каде што Вех излезе со најдобар состав кој даде 4 гола, а прими 2.Во ЛШ последниот натпревар им беше против ЦСКА Москва кој го победија со 3-1 и доминираа низ целиот натпревар и се виде дека Рускиот прволигаш неможе моментално да му парира на Германскиот шампион.
Изгубија натпревар од Келн со 3-2 во ДФБ Бокал купот со што веднаш беа исфрлени но веднаш потоа се вратија со победата над Хановер со головите на Мислимович,Гентнер,Џеко и Хасебе.
Јунајтед пак, во последниот натпревар против Стоук победија со 2-0 со головите на Бербатов и О'Шеј а и двата беа по асистенција на Гигс откако влезе во второто полувреме.Сите играа фантастично, освен можеби Руни, но затоа Евра,Флечер,Бербатов,Сколс,Гигс,Видич,Рио и О'Шеј изигра на многу високо ниво.Руни беше одморен при крај на натпреварот исто како и Нани и Сколс на чие место влегоа Овен,Керик и Гигс.
Последен натпревар во ЛШ пак, беше победата против Бешикташ во Турција со 1-0 со голот на Сколс, иако игравме лошо.Како и да е последните 5 натпревари се
WWWWW т.е 5 победи во кои спаѓаат 2-0 против Стоук,1-0 против Волфс во Карлинг купот,4-3 против Сити,1-0 против Бешикташ и 3-1 против Тотенхем.
Можни состави
Benaglio
Riether - Barzagli - Madlung - Shafer
Ziani - Josue - Gentner
Mislimovic
Grafite - Dzeko
Rooney
Anderson - Giggs
Valencia - Fletcher - Nani
Evra - Rio - Vidic - O'Shea
Foster
Мој тип:
Јунајтед 1-0 Волфсбург
П.с За време на утакмицата може да пишуваме на четот што е поставен на блогот.Само предлог е ова