Честито победа, која искрено ја предосеќав пред натпреварот. Но само што започна мечот, некој
како да му удри шлаканица на моето претчувство. Многу несреќен момент за нас, но добро е што не не дестабилизира психички, па така како одминуваа минутите иако губевме мене ми се враќаше самодовербата. Малку за Фостер. Навистина тешко се бранеше тој удар на Дефо, ама не можи Фостер да се однесува како да е на кино оден и да не мрдни воопшто. Но како и минатите натпревари прво се радував што Тотенхем го промашуваа голот, а после и сепак имаше по некоја одбрана од Фостер. Навистина денес шампионски изигравме, впрочем и традицијата не повикува на тоа
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
, веќе е 5-то коло, време кога Манчестер започнува со убиственото играње и нижење победи. Кога изгубивме од Барнли не дека се радував, далеку од тоа но не ми беше толку тежок поразот, затоа што беше рано 2-ро коло и некако го сватив како дел од традицијата. Но денес, токму сега во овој момент ми е мака, затоа што ќе бевме први на табелата. Сепак да се надеваме дека тоа брзо ќе се случи, бидејќи Челзи не ќе може вечно во 90 и некоја минута да обезбедува по три бода. Но за тоа потоа. Од она што го прочитав после натпреварот, мило ми е што многу фанови почнаја да сваќаат дека јас и некој други (Чомбе и сл.) одамна ве убедувавме но веројатно денес ве убедивме дека ништо не значи отсуството на Роналдо и Тевез. Белки сега ви е јасно дека Манчестер го создаде Роналдо, а не Роналдо Манчестер.
Нема да си трошам зборови за Флечер. Уште пред неколку кола го прогласив за феноменален и незаменлив во средината. Гледам дека денес сите се сложуваме со таа констатација. Флечер треба да игра постојано, не треба да биде дел од ротациите освен кога мора. Денес сакам посебно да го пофалам Андерсон, одамна не сум го видел така добар. Нека му е со среќа првиот гол и нека ги множи. Незнам зошто многу од вас погоре ја искритикувавте играта на Сколс. Сколс е нешто посебно што ретко се раѓа. Феноменален е и не би рекол дека денес не беше во форма. Јас искрено кога игра Сколс, секогаш сум рает на душата
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Можеби за критика е неговото невнимание што не остави многу рано со 10 играчи, но тоа е друго. Но тука се воодушевив од Ферги. Тој веднаш го пополна средниот ред (со Керик), а го намали нападот (со Бербатов). Лесно се одлучи на тоа Ферги бидејќи ние веќе водевме. Во нападот на неколку пати се осети дека фали играч, нормално, но во средината и одбраната воопшто не се забележуваше дека ни фали играч.
Се додека имаме играчи
кои вредат за повеќе од еден играч, не треба да се плашиме од црвените картони
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Тоа што фалеше во нападот го надополни
ФЕНОМЕНОТ Руни, кој не само што постигна гол, туку можеше и уште неколку други да постигни. Да не ги споменувам сите посебно бидејќи сите беа
ОК. Добро е што се комплетира одбраната. Останува уште Ван Дер Сар да се врати и да се комплетира убиствената машинерија
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Да им посакам на играчите пријатни наредни денови, добар одмор, и многу брзо нов успех, уште во Вторник во лигата на шампионите. Нека ни е со среќа враќањето на формата.