Типично англиско дерби во кое беа фузирани сите потребни елементи за, пред се добар фудбал. Видовме 3 гола, пресврт, 10ина жолти картони, пенал ..
Е сега околу победата. Пред се честитки за освоените 3 бода, кои какви и да се, заслужени или не, против еден најголемите ривали на Манчестер во последнава деценија, се секогаш слатки.
Првото полу-време Јунајтед подобро стоеше на теренот од Арсенал, а гостите сепак поведоа на 5 мин. пред крајот на првиот дел. Е сега пред да голот да падне, имаше очигледен чист пенал за нив, но таа грешка на Дин (една од неколкуте) не ја сметам за толку голема и трагична за Арсенал, бидејќи ако досудеше пенал, Аршавин немаше да го постигне тој одличен гол, а Топчиите МОЖЕБИ ќе го реализираа пеналот. Така да целиот сплет на околности отиде, сепак во корист на Арсенал и мислам дека околу таа ситуација не треба мн. да се жалат. Во вотриот дел ако ван Перси погодеше уште на почетокот, ќе беше се готово. Но за среќа Фостер инстинктивно одбрани, а Ман.Јун. го наплати ДЕБЕЛО тоа промашување со 2 гола за само 5 мин. со што си ја заврши работата на овој натпревар.
А во моментите кога го славеа нашиве вториот гол, се потсетив на натпреварот против Арсенал пред 2 сезони кога, утакмицата беше скроз иста на денешнава.
- Натпреварот и тогаш заврши 2-1 за Манчестер
- Арсенал го отвори резултатот, со гол на Адебајор
-Манчестер немаше игра, но само 5 мин. по примениот гол, Галас направи МИЗЕРЕН пенал играјќи со рака една сосема безопасна топка, по што се се сврте во наша корист