Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Значи денеска Манчестер изигра колку што требаше и мислам дека заслужено си победи...се гледа дека со играњето на Рио,дека одбраната е на едно скалило погоре одколку со Еванс...едно нешто што се изнервирав денеска беше неколкуте ситни киксови на ВДС,што за среќа не беа казнети и внесувањето во игра на Нани...одлично тактички поставена игра на Ферги,со контра напади,со Руни како крило,со ситните фаули на средина на теренот за да се спречи брзата контра на Порто...немам некој забелешки во играта освен тоа дека како се ближеше крајот на утакмицата,Јунајтед се повеќе се повлекуваше и се тресов до последниот момент...Роналдо уште еднаш покажа дека најдобрите се покажуваат на вакви утакмици,немам коментар за голот,фудбалско ремек-дело...сега на ред е Арсенал кој како се ближи крајот на сезоната играат се подобро и подобро и нема да биде нималку лесно + мала предност за Арсенал е реваншот на Емирати,ама немора ништо да значи тоа...се надевам на пласман во финале за 2-3 недели,а и пласман во уште едно финале веќе во сабота :pipi:
 
H

hogar

Гостин
Која игра бе која игра бе, зошто не сте пред нас на табелата ако имате толку добра игра. Ќе видиме кој кого ќе наполни во сабота :smir:



И јас можам да кажам дека Мајк Тајсон е само обичен човек, и дека ако боксувам со Кличко тоа е вистински двомеч :toe:
Си чул ли ти за ПРОВОКАЦИИ пред натпревар бе, стручњаку?
сум чул стручњаку ама и доста млад сум 17 години имам и сум чул дека челзи се екипа од 2003 па навака а претходно биле во ранг со астон вила и тотенхем.Колку што имаат манчестер трофеи толку сезони твојот клуб бил во премиер лига.поздрав стручњаку

hogar напиша:
сум чул стручњаку ама и доста млад сум 17 години имам и сум чул дека челзи се екипа од 2003 па навака а претходно биле во ранг со астон вила и тотенхем.Колку што имаат манчестер трофеи толку сезони твојот клуб бил во премиер лига.поздрав стручњаку
пардон,мислев на прва англиска лига премиер лига има 18 години
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Честито пласман дечки, за неполн месец 3 дуели мегу нас...што би било пресудно за целосен успех на еден од двата тима-искуство, психолошка подготвеност, срека...
што и да биде, нека победи подобриот (се надевам Арсенал) :wink:
Спортски поздрав :helou:

пс; одличен гол на 7-ката од Вашиот тим :)
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Колку добро звучи:**клучниот момент се случи уште во 6та минута, бомба на Кристијано Роналдо од голема далечина и водство за Манчестер Јунајтед од 1-0.
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
ЧЕСТИТА ПОБЕДА и од мене, сега се добрав до компјутер. И покрај тоа што многу пишуваат дека не бил атрактивен и не бил интересен натпреварот, или можеби дека Манчестер е сеуште во слаба форма, ќе кажам дека не е така. Оваа игра од синоќа е типична игра за во лига на шампиони каде е потребно надмудрување. А со тоа може да се справи и пофали кој друг ако не и "кралот на надмудрувачите", Алекс Фергусон. Не ни фалеше вообичаено просечно потребната спортска среќа (која секогаш е потребна за успех), па се одеше во најдобар ред. Немаше фатални киксови кои можа да нервираат и да прават психолочки назаден фактор во играта. Кога толку брзо постигнавме гол, логички беше да се сконцентрираме на средниот ред за да го задржиме резултатот и топката. Сето тоа е мудрост, кликер и стратегија која ја имаат, поседуваат и применуваат само големи луѓе и екипи. А Ферги и Манчестер не се ништо друго туку токму тоа, па употребувајќи ја својата големина и мудрост, го поминаа Порто. Некои велат Порто не бил ни 1% од минатиот натпревар. Па зарем не ви е јасно дека тогаш, се случи тоа што се случи, затоа што Манчестер беше слаб (поради познатите фактори), а не затоа што Порто беше јак. Еве го дома, го видовме колку е силен Порто. Пак ќе речам не е Порто слаб (што изгуби и што не оди понатаму), туку Манчестер е јак, силен моќен и издржлив, а тоа се неопходните фактори за да издржите во Лигата на Шампионите. Конечно цврста одбрана во стариот добро препознатлив дизајн. Нема сомнение сека Фердинанд е столбот на одбраната. А со Видиќ тие се "како близнаци" :), кога се заедно функционираат беспрекорно моќно и ефективно. Прекрасен гол на Роналдо и тоа во вистински момент, многу значаен за сите а посебно за Роналдо кој "се изваде" за примените голови заради него. Како во старите добри времиња биеше навремено, точно и прецизно, и го до донесе полуфиналето. Да не коментирам одделно, синоќа со мали исклучоци сите беа добри и уште од самиот почеток кога заиграа, јас си реков: "Е ова е Манчестер, ова личи на Манчестер....". Само Бербатов не беше како што треба, инаку да беше друг ќе имавме поголемо водство, но и тој има заслуга затоа што влечеше многу играчи околу него. Само Руни посебно ќе го пофалам, а нема ништо друго да кажам за него бидејќи тоа треба да го сторам на некој друг јазик. Нашиот речник нема доволно пофални зборови кои би му ги упатил на Руни. Го има на секаде, едниствено не знам само дали го бива да биде голман :). Мене ми се допадна натпреварот, не е се во головите, важно е дека се надмудри тактички противникот, а токму тоа е рецептот за напредок. Следен предизвик е Арсенал со кој мора да се игра внимателно и претпазливо, затоа што се во добра форма. Не сум видел каква е згуснатоста на натпревари тогаш, но верувам Ферги нема да ја направи истата грешка како првиот меч со Порто кога настапи со преморен тим. Ќе се молам да нема нови порврди и да остани комплетен тимот. Ако тоа биде така, за ништо друго не се секирам. Уште еднаш честитки до играчите и до сите вас за успехот. Немам сеуште проверено дали сум пророк :), ама ќе речам да даде господ да коментираме тука и за влез во финалето, како и за победата во финалето. Драг наш Манчестер Јунајтед, СО СРЕЌА!
 
N

navivacka

Гостин
Се уште не можам да си дојдам при себе:vozbud:џабе се толку плашев...сите играа добро,одбраната беше феноменална со Рио,ВДЦ бранеше неколку топки одлично...Руни,Бербатов,Андерсон и да не набројувам сите изиграа на потребно ниво...не ги разбирам другите што велат атрактивен натпревар,најважно беше да се пласираме во полуфиналето а атрактивноста ке можете да ја гледате на дуелот против Арсенал,тој натпревар ке украде многу воздишки како и многупати до сега.Штета што реваншот се игра на гостински терен.Ке биде интересно и Силвестре да се гледа како игра против поранешната екипа.

Изјавата на Туре за натпреварот против Јунајтед
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=01171efd-aeae-4ae5-b158-eedc8bdc66fb&ln=3&typeBack=default
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Хехехе...
Лудници сношти...

Утакмицата ја следев во Прилеп , во ресторанот на кладилницата депортиво..спремен све да искршам ако нешто појдит наопаку :) :)

Така накитен со дресот на Јунајтед ...ја загревав атмосферата со бекс, кикиритки и со милите Манчестеровски песни....а околу мене све вријат...

Наседнати околу мене луѓе кои “навиваат за порто“..све еден до еден....ги прашувам за кој тим навивате а тие...челзи, барса, јуве,милан...никој не вели Порто да ги е*ам -ама пак сите навиваат против Јунајтед...па јасно ми беше колку се плашат навивачите на челзи..барса..ако Јунајтед победи...колку лош синдром за нив е Јунајтед !
Али си викам ма кој ве е*бе сите во себеси и си продолжувам да скандирам We Love Уnited, We Do...потоа Viva Ronaldo..

Кјути ...еден од батинава имал уплатено 0-1 гол...па откако постигнваме гол ..барем не навиваше Јунајтед да прими :) :)

Почеток, 6 минута КИКИИИИИИИИ РОНАЛО...лудницааааа јас станувам удриам тупаница во сепарето и го туркам 2 метри наназад.....тишина вбо кладилницата...видоа дека нема да бидам расположен ако слушнам лоши зборови за Јунајтед !!! :)

Потоа за секоја ебена шанса станував и се издеравав.....за сите да видат што значи љубов...ме прашуваа за колку многу сум ја уплатил, да не сум чекал 100 000 ... и потоа на сите тие т.н. навивачи им беше чудно кога им реков дека пари не се во прашање...дека тука единствено е важно што Јунајтед игра...Јунајтед победува а тоа е страст и љубов која неможе да се купи со пари!!!


Верувам дека сите уживавте сношти ,како што уживав јас...верувам дека сте задоволни и од играта, а посебно и од одбраната која толку многу ја критикувавме...
Порто-реков дека ќе ги лежиме...и ги лежевме :) :) :)...ја паднавме и таа пречка Драгао....сеа нека му ја мислат Арсеналовци....

Ајде поздрав до сите....Long Live UNITED !!!
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Брао чеестито победа добро игравте, ве фатив на спортска :) Фала многу :) ајде со среќа понатака со арсенал :)
 

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Уште ме држи тоа од синока...лудница еј лудница:vozbud:срушивме непријатна традиција иако за некои тоа беше невозможно...одиме на триумф против Арсенал...пациенти од Лондон...на ред сте вие.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Едно прашање...колку голови има Роналдо оваа сезона во сите конкуренции?

Кристијано Роналдо за неговиот погодок
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=799aea78-1ef4-44cb-ae96-b159d409820e&ln=3&typeBack=default
Ау најдобар гол досега.Тој има давано голови 100 пати подобри од овој.Можеби дојде во најдобар момент иако голот во финалето со Челзи беше еден од позначајните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom