Натпреварите на Манчестер Јунајтед во месец Април
5 недела - Астон Вила - дома
7 вторник - Порто - дома
11 сабота - Сандерленд - гости
15 среда - Порто - гости
19 недела - Евертон - неутрален
22 среда - Портсмаут - дома
25 сабота - СП*РС - дома
и евентуален натпревар против Виљареал или Арсенал доколку го поминеме Порто на 28 или 29 Април.
Доколку не ги победиме сите овие натпревари сезоната ќе ни отиде во вода, и ќе ни бидат за џабе 14 натпревари без примен гол во Премиер Лигата, победата против Интер во Лигата на Шампионите и победите против Саутемтон, СП*РС. Дерби и Фулам во ФА купот.
Но доколку ги победиме сите овие натпревари ќе бидеме многу блиску до сите три титули. Значи овој месец треба Манчестер да го покаже вистинското лице и со искуството на Фергусон до нови многу значајни победи.
За конкурентите. Ливерпул очекувам да киксне на Кревен Котиџ. Фулам дома нема загубено натпрењвар ова сезона против “големата четворка“(не победија нас и Арсенал, а одиграа нерешено со Челзи).
По порзот на Челзи против СП*РС шансите за титулата значително се намалија и сега тие се конкуренти од сенка за титулата. Челзи игра на Сент Џејмс Парк против Њукасл и не очекувам кикс на Челзи бидејки секогаш лесно ги собираат трите бода од СЏП. Но оваа е Премиер Лига сите се борат за нешто. Во овој случај Њукасл се бори грчевито за опстанок така да не верувам дека лесно ќе се предадат ако се знае дека од ова недела имат нов тренер, Алан Ширер, но сепак шансите им се минимални.
Не верувам дека повредата на Фердинанд е нешто сериозна и сигурно ќе игра против Вила па макар и под инекција, бидејки овој натпревар е “маст вин гејм“.
Но ако е нешто сериозна повредата тогаш би требало О’Шеј да игра на местото на Фердинанд, а Невил на местото на О’Шеј.
:smir: